Стартап Клуб Скопје го отвора третиот инкубаторски повик – #ИмамИдеја3!

во Вести, ИТ.МК

Стартап Клуб Скопје

По двете успешно реализирани инкубаторски програми преку кои беа менторирани повеќе од 30 стартапи, од кои неколку веќе обезбедија инвестиции и активно се развиваат на пазарот, оваа година програмата се враќа посилна, поиновативна и пофокусирана на стартапи со потенцијал за глобален раст.

#ИмамИдеја3 е тримесечна инкубаторска програма наменета за 15 најиновативни тимови и индивидуалци кои имаат идеја што може да го промени начинот на кој живееме, работиме или создадаваме. Програмата овозможува поддршка во вредност од 20.000€ по тим, која вклучува менторство од основачи на успешни стартапи и експерти од индустријата, развивање на бизнис модел, стратегија за настап на пазар и MVP, пристап до инвеститори и компании, како и специјализирана AI поддршка и обуки за развој на proof-of-concept и пилот решенија.

Учесниците ќе имаат можност да го користат coworking просторот во Стартап Клуб Скопје и да учествуваат на завршниот Demo Day настан, каде што најдобрите идеи ќе бидат презентирани пред инвеститори, фондови, бизнис ангели од Македонија и Саудиска Арабија.

Од сите пристигнати апликации ќе бидат селектирани 30 идеи кои ќе ги презентираат своите концепти на Startup Revolution AI Summit и ќе учествуваат во хакатон кој е дел од селекцискиот процес. Најдобрите 15 тимови ќе продолжат во самата инкубаторска програма #ИмамИдеја3. Процесот на селекција ќе се базира на квалитетот и капацитетот на тимот, пазарниот потенцијал, иновативноста на идејата, како и на степенот на инкорпорација или користење на вештачка интелигенција.

Пријавите се отворени до 18 ноември 2025 година!

 Доколку имаш идеја што може да стане првиот македонски unicorn, не ја пропуштај шансата да бидеш дел од новата генерација на македонски иноватори!

Аплицирај сега на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments