Кога на крајот на јуни SpaceX објави дека добил дозвола од Федералната комисија за комуникација да постави Starlink WiFi сервис во возила, изгледаше дека ова сепак е можност која компанијата ќе ја искористи во некоја подалечна иднина. Изненадување, но одвај 2 месеци подоцна Starlink го доби првиот клиент на пловни објекти.
Royal Caribbean Group е првиот оператор на крстарења кој објави дека ќе го користи Starlink за да обезбеди интернет за своите патници. Royal Caribbean Group е вториот најголем оператор на крстарења во светот.
Поставувањето на Starlink опрема во бродовите започнува веднаш, а инсталацијата ќе заврши во 2023 година. Starlink интернет ќе биде достапен во сите крстарења од Royal Caribbean International, Celebrity Cruises и Silversea Cruises понудата. Одлуката за користење на опремата доаѓа откако пилот проектот доживеа огромен позитивен одзив од патниците.
Главна причина за позитивните критики е всушност алтернативата на Starlink. Стандардниот сателитски интернет е многу поскап и ужасно бавен. Овој сегмент со години, ако не и со децении, не е напреднат. Наместо ова, сега патниците можат да користат Starlink кој е супер брз и без речиси никакво доцнење.
„Нашата цел како компанија е да им ги го испорачаме најдоброто искуство за одмор на нашите гости; Оваа нова понуда, е досега најголемата јавна инсталација на брзиот интернет на Starlink во туристичката индустрија, и ја покажува нашата посветеност на таа цел.
Оваа технологија ќе обезбеди интернет поврзување, кое во корен ја менува понудата на нашите бродови; ќе го подобри искуството на гостите и на екипажот за време на крстарење. Ќе овозможи активности за кој е потребен брз интернет, на пример видео стрим и активности како видео повици. Користењето на Starlink е уште еден пример за нашиот континуиран фокус на иновација и извонредност, за нашите гости, екипажот, заедниците што ги посетуваме, и нашите акционери“, вели Џејсон Либерти директор на Royal Caribbean Group.
Во операторот за крстарење се надеваат дека новиот сервис ќе им овозможи да привлечат и нов тип на гости. Дел од овие гости се профили кои досега ниту помислувале да се качат на брод поради постојаната потреба од брз и стабилен интернет. Идејата е со Starlink да се обезбеди сѐ што e потребно за гостите да можат и да работат на крстарењето, ако тоа е потребно. Дополнително овозможувањето на креирање на видео содржина во живо за време на крстарењето и споделување на друштвените мрежи ќе биде и одлична реклама.
SpaceX на крајот на јули доби дозвола да нуди интернет за автомобили, авиони и бродови. Ќе биде интересно да видиме што е следно и кои се следни клиенти.







