„Моите вештини за решавање проблеми во Starcraft се исти вештини за решавање проблеми научени во школото и во реалниот свет.“ вели Нaт Пилинг кој ја води наставата.
Според објаснувањето на EME2040 – 21st Century Skills in Starcraft предавањето „Како што општеството станува се повеќе базирано на технологија со забрзано темпо, така станува важно за професионалците да имаат вештини, како критично мислеше, решавање проблеми, менаџмент на ресурси и адаптирано донесување одлуки. Овие вештини се основни во Starcraft и затоа ја прават играта одлична околина за студентите да анализираат и да преземат акции во комплексни ситуации.“
Курсот опфаќа неделно играње и потоа гледање и анализирање на снимените натпревари, како и писмени задачи за истакнување на анализата и синтеза на реалниот живот наспроти виртуелниот како и соработка со другите студенти.
Како што игрите стануваат се покомплексни така и нивната упортеба станува повеќенамеска и овој пример го истакнува тоа. Затоа следниот пат не велете „од игрите нема да научиш ништо, фати се за книгата“ туку потикнете го гејмерите велејќи им „само напред со развивање на критичкото мислење и анализирањето!“
(via Technology Review)








Стара идеја , но корисна кога би се наменила за политичарите http:/ /bit.ly/bxaYKE