Новитетот од Starbucks – Ember е паметна шоља за пијалок која ја одржува топлината на вашето кафе на посакуваната температура. Паметната шоља е производ на Indiegogo кампања, а најголемиот ланец за кафиња ја прифати и започна да ја продава во своите продавници.
Регулирањето на температурата е едноставно. Тоа може да се направи или со вртливо копче на долниот дел на шољата или преку апликација за паметен телефон. Токму едноставноста е најголема предност на овој уред иако, можноста за совршена температура на кафето ќе биде добредојдена.
https://www.youtube.com/watch?v=gu1BZ-Vcd3k
Станува збор за паметна шоља која овозможува да се запомнат повеќе различни температури за различни пијалоци. Освен со паметен телефон температурата може да се управува и преку паметен часовник.