0 коментари 1 мин. читање

Илон Маск и Тревис Каланик се новите советници на Трамп

Се чини дека автономните возила нема да имаат никаков проблем по промената на администрацијата во САД. Основачот на Tesla, Илон Маск и Тревис Каланик од Uber се дел од новиот форум на советници на Доналд Трамп. Со ова бројот на членови на советодавниот форум на Трамп сега е зголемен на 18.

„Се радувам на соработката со следниот претседател и на придонесот во оваа група на теми кои се однесуваат на нашите возачи и над 450 градови во кои работиме.“ вели г. Каланик.

Поставувањето на г. Маск сепак е поголемо изненадување. Основачот на Tesla отворено го критикуваше г. Трамп во кампањата и ја поддржа Хилари Клинтон за претседател. Сепак недоразбирањата во кампањата се разбирливи, она што е поголемо изненадување е ставот на г. Маск за глобалното затоплување.

Претходно г. Трамп го постави Рекс Тилерсон од нафтената компанија Exxon за државен секретар. Со оглед на тоа дека оваа е еден од најголемите нафтени гиганти, се чинеше дека елeктричните возила можеби ќе имаат проблеми, но по новите назначувања се чини дека договорните промeни со претсeдателот Обама остануваат.

„Мојата администрација ќе соработува со приватниот сектор за да ја подобри бизнис климата во САД и за да го направи отоврањето на работни места во САД попривлечно за компаниите, од Силициумската долина до центарот на САД.“, вели г. Трамп.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top