1 коментар 1 мин. читање

Battlefield 1 доби нова мапа, оружје и исправки

На 13.декември, една од нашите кандидати за FPS игра на годината, доби корисно надополнување кое, покрај серија од прилагодувања во гејмплејот и исправки, се одликува и со нова мапа, но и оружје во форма на самострел со гранати.

Играчите кои предвреме ја нарачале Battlefield 1 или сопствениците на Premium Pass DLC ја имаат честа први да ја проверат мапата Giant’s Shadow. За сите останати, мапата станува достапна на 20.декември. Giant’s Shadow е базирана на битката на Селе, а се води низ урнат авиот, преку железничка пруга па се до огромен простор прошаран со речни брегови.

Самострелот кој исфрла гранати е новата алатка за класата за подршка и е одлично решение за сервирање експлозивен поздрав од огромни далечина.

Покрај ова, надополнувањето конечно ќе овозможи spectator мод за увид на сите играчи од прво и трето лице, како и птичји поглед врз целото бојно поле, но и слободна камера за движење во која било насока.

Standard Issue Rifles е последната новина која доаѓа со надополнувањето и им дава на сите класи само стандардна пушка (како SMLE Mk. III за британската армија), но не и оптичко помошно средство. Таквото нешто, според DICE, би требало да им пружи на играчите гејмплеј инспириран од рововските пресметки карактеристични за Првата Светска Војна.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top