0 коментари 2 мин. читање 5 август, 2014

Star Citizen ќе биде епска вселенска симулација направена со 50 милиони долари од краудфандинг

Крис Робертс, креаторот на Times of Lore, Ultima и Bad Blood, но и на култниот серијал Wing Commander, еден од најдобрите вселенски симулатори, работи на нов проект кој би требало да биде најамбициозната вселенска симулација досега – Star Citizen. Зад проектот стои студиото Cloud Imperium Games кое се приближува до 50 милиони долари собрани од краудфандинг кампањи, и, ако се оди по план, Star Citizen ќе биде достапен за играње од 2015 година.

[youtube]WpgUuGunU0o[/youtube]

Целта на студиото е да ја креира најголемата вселенска видеоигра која Крис Робертс ја обмислувал последниве неколку декади, а во изработка е последниве две години. Само од гејминг ентузијастите проектот за една година стигнаа до 10 милиони долари инвестиција, а еве сега се приближуваат и до нов рекорд од 50 милиони долари. Играта ќе биде остварување на сонот на г. Робертс со огромен број на планети кои можат да се истражат со различни вселенски летала.

„Да бев понормален ќе речев дека загризувањето на волкав залак е премногу. Но ова е играта која отсекогаш сакав да ја играм и сонував за играњето отсекогаш“, вели г. Робертс. „Еден од бенефитите на огромниот одзив на донаторите е е можноста да се зголеми развојниот тим и да се додадат нови опции. Со секој дониран милион додаваме некој новитет во играта. На почеток тоа беа огромни, нови соларни системи и раси на вонземјани. Кога ќе бидат надминати 50 милиони долари играта ќе додадеме и автентични вонземски јазици“.

Star Citizen ќе излезе ексклузивно за РС и тоа „некогаш“ во 2015, пренесува Ars Technica.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top