0 коментари 1 мин. читање 5 август, 2014

Редизајнираниот Wunderlist сака да биде „светската to-do листа“

Берлинскиот 6Wunderkinder направи комплетен редизајн на својата Wunderlist апликација, која сега, мора да признаеме, изгледа фантастично. Минималистичка и едноставна за користење, мобилната to-do листа, им служи на 8 милиони регистрирани корисници кои сакаат да си водат потсетник за обврските.

Покрај чистиот дизајн, новата верзија на Wunderlist има и една интереса новина – јавни to-do листи. Листите, во кои се внесуваат потсетници и обврски, може да ги споделите со пријателите и сега со целиот свет. Звучи чудно, но од Wunderlist за Тhe Next Wеб, велат дека тие сакаат да направат платформа која ќе биде „дом на сите листи во светот“ каде ќе се споделуваат листи со инструкции, листи од препорачани книги и филмови, листи од песни итн. Апликацијата е достапна за сите мобилни платформи, веб, и наскоро за Windows Phone.

[youtube]4KIlt1ZPxU0[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top