Граѓаните на Србија кои беа зафатени со страотните поплави ќе добијат бесплатен интернет и повици за да можат полесно да комуницират со најблиските преку Facebook и Twitter, да се координираат околу спасувањето на тоа што им остана, како и да дознаат повеќе за донациите соберени од целиот свет. Може треба да се очекува сличен гест и од операторите од Босна и Херцеговина и Хрватска чии подрачја се исто така поплавени.
Доколку сакате да им помогнете на настраданите, можете да донирате облека и друга помош во Црвениот крст на Maкедонија, или пак да испратите парична помош со повик на 143 400 на било кој оператор.
Korisnici u ugroženim područjima kojima je neophodan internet, mogu poslati SMS sa tekstom „pomoc“ na broj 9000 https://t.co/Pv48hdroCT
— Telenor (@TelenorSrbija) May 18, 2014







