Оливер Крејлос успеа да креира своевиден „холодек“ комбинирајќи ги можностите кои ги нудат три Kinect контролери и Oculus Rift. Трите Kinect се позиционираат во темињата на рамностран триаголник во кој се наоѓа г.Крејлос, тие ја читаат неговата позиција движења и фигура, а потоа ги праќаат до Oculus Rift. Софтверот му овозможува на г.Крејлос да се оддалечи од својата позиција во виртуелната реалност и да ги следи своите движења. Токму контролерот на конзолата на Microsoft Xbox, го овозможува оваа комбинација, која за разлика од стандардните камери е опремена со 3Д камера која овозможува читање на длабочината до корисникот. Oculus Rift пак фантастично го одработува она за што е и креира презентирање на виртуелна реалност.
Засега уредот е со ниска резолуција и често се случуваат грешки, но проектот
сè уште е во рана фаза, иако г.Крејлос го започна своето Kinect истражување уште во 2010 година. „Сликата е нејасна бидејќи уредот има проблем кога ги рекреира моите панталони и кошула, сепак мислам дека поради ова изгледа пореално од совршено креиран аватар“, вели г.Крејлос. Погледнете ја презентацијата на „холодекот“ на BBC во која Оливер Крејлос „седи“ во својата виртуелна канцеларија.
[youtube]7QrnwoO1-8A[/youtube]