0 коментари 2 мин. читање 13 октомври, 2017

Google креира сојуз за подобра онлајн продажба, но Amazon сѐ уште е доминантен

Alphabet (порано Google)  продолжува да додава партнери за Google Express. Најнов член на тимот е Target, коj се приклучи на партнерството кое бара начин да му конкурира на Амазон.

На крајот на август сличен договор со Google потпиша и Walmart. Двете компании ќе го користат Google Express за да ги продаваат своите производи. Home Depot исто така е дел од тимот.

Сопствениците на уредот за управување со домот, Google Home пак, можат да користат гласовни команди кога купуваат производи. Во најавата на соработката со Target, двете компании објавија дека работат на други технологии.

Засега нема официјални податоци за технологијата на која работат компаниите. Можно е Google наскоро да додаде функцоналност за проширена реалност, иако прашање е колкав дел од телефоните ја поддржуваат Daydream платформата за проширена реалност.

Google и Target и досега соработуваа како дел од помал експериментален проект во повеќе градови во централниот дел на САД, јави Recode.

Барем засега, изгледа неверојатно дека било какво партнерство би можело да забави или да ја наруши доминацијата на Amazon.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top