Праќајте самоуништувачки фајлови со Firefox Send

во Веб, Совети

Од неодамна, Firefox ги израдува корисниците со нова алатка која дополнително го олеснува споделувањето приватни содржини. Firefox Send ви дозволува да испратите некому фајл до 1GB така што ќе го „фатите“ и „пуштите“ фајлот во вашиот прелистувач и ќе споделите шифриран линк за преземање. Вака споделениот фајл останува активен само во првите 24 часа или додека не биде преземен. Во моментот кога ќе се исполни некој од горните услови, фајлот неповратно ќе се уништи од облакот, со што не мора да се грижите нити за некоја можно злоупотреба на безбедноста од таа страна, нити пак дека непотребно го полните просторот на облакот.

За користење на оваа услуга, не е потребно некакво инсталирање на софтвер или пак креирање акаунт. Она што треба да направите е да го посетите send.firefox.com од кој било прелистувач, а не само од Firefox, и да го повлечете и пуштите саканиот фајл. Во моментот кога фајлот ќе биде поставен на облакот, ќе го добиете шифрираниот линк за преземање. Во случај да сакате да споделите повеќе од еден фајл, кои ќе бидат преземани со едно кликнување, потребно е првин да ги архивирате податоците. Дополнителна предност на Firefox Send е тоа што точно знаете кога примачот го има преземено фајлот, но, подразбирлниво, вака-поставените фајлови се добри само за еден примач.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments