Facebook е најголемата друштвена мрежа во моментот, бројот на корисници расте експоненцијално од самиот почеток, и во моментов има, официјално, повеќе од 500 милиони активни корисници, од кои 50% го користат Facebook секој ден. Неофицијално, бројката на корисници достигна и 600 милиони. Од нив, 821.340 се македонци. На мрежата денес се закачуваат неверјатни 30 милијарди парчињ содржина секој ден за кои сите ние поминуваме по неверојатни 700 милијарди минути секој месец. Бројките не лажат, Facebook стана огромен.
Гледајќи само една година назад, Facebook не само што ги надминума останатите друштвени мрежи во било која статистика, не само што се процени неговата вредност на неверојатни 50 милијарди долари, туку започна да се игра и со влијанието на Google предизвикувајќи го во пребарувањето со својот Social Graph. Поради тоа API настапаа куп проблеми со приватноста за на крај да видиме нов дизајн на опциите, кои сега се поедноставни. Имаше и нов редизајн на профилите и страните.
Се сними и филм за почетокот на Facebook, кој освои Златни глобуси, стана и конкурент за Оскар. Филмот Social Network е за почетоците на Facebook, лансиран на денешен ден, 4-ти февруари, за како Марк Закарберг ја прави мрежата во својата соба во Харвард, за која подоцна ќе влезе во судски спорови со своите колеги студенти. Според филмот, Facebook е креиран за да се дојде до жени и пари. Според Закарберг, единствено нешто точно погодено во филмот се маиците кои тој ги носел тогаш.
Да, да не заборавиме. Основачот Марк Закерберг стана и личност на годината според Time магазинот токму поради огромното, лошо и добро, влијание на сега седумгодишниот Facebook низ светот.
Среќен роденден Facebook!







