И последните блокови IPv4 адреси се алоцирани

во Веб

Што е IPv4?

Internet Protocol version 4. Тоа е технологијата која во моментов ни овозможува да ги поврземе нашите уреди со мрежата. Кога било каков уред ќе се поврзе со Интернет му се алоцира единствена, нумеричка IP адреса. За еден пакет да може да се прати во мрежата од еден уред кон друг, мора да бидат познати IP адресите на двата уреди. Затоа се важни IP адресите, затоа што без нив не би можела да се одвива никаква комуникација.

IPv4 користи 32 бита за своите адреси. Тоа значи дека вкупниот број адреси кои може да ги поддржи е 2^32 вкупно, односно околу 4.29 милијарди. Иако можеби изгледа многу, сите овие адреси се веќе алоцирани (доделени на корисници).

Мора се напомене овде дека ние всушност се уште не сме останале тотално без адреси. Многу од адресите се во рацете на големите компании и ќе бидат продадени или разменети во нашата блиска иднина. Сепак, во следните 2 години и покрај тие останати „замрзнати” адреси кои можат да бидат доделени, бројот значително ќе се намали и тоа ќе биде проблем за мрежата.

Што е IPv6 и како ќе го реши овој проблем?

IPv6 е наследникот на IPv4. Функционира на истиот начин како и IPv4, доделувајќи единствени, нумерички IP адреси на уредите кои сакаат да се приклучат на мрежата, но со една голема разлика: користи 128 битни адреси. Тоа значи дека може да поддржи 2^128 вкупно адреси – односно 340.282.366.920.938.000.000.000.000.000.000.000.000, за убаво да ја добиете сликата колку многу. Тоа се навистина огромен број на адреси кои би го чувале Интернетот во функционална состојба многу, многу долго.

Тогаш што не спречува да го искористиме бенефитите на IPv6?

Ова што сега се случува е предвидено од пред подолго време, па во текот на последната декада полека се извршува постепеното префрлување. Тоа оди бавно, само мал дел од мрежата е префрлена. И таму каде е тоа направено IPv4 и IPv6 работат како паралелни мрежи, затоа што за нивна комуникација се потребни специјални капии (gateways).

За да се направи преминот, прво мора да се прилагодат софтверот и рутерите за да ја поддржуваат оваа напредна мрежа. На 8 Јуни 2011, на Денот на IPv6 големите компании како Google, Yahoo, Facebook и други ќе ја тестираат IPv6 мрежата за да видат колку може да поднесе и што треба да се подобри.

Ние како поединци, најверојатно нема да почувствуваме било какви нелагодности од префрлањето на целата мрежа на IPv6. Повеќето оперативни системи веќе ја поддржуваат почнувајќи од Mac OS X 10.2 и Windows XP SP 1, па до сите нови верзии. Единствениот проблем се рутерите и серверите кои не ја поддржуваат, чие обновување ќе чини многу време и пари. Не се знае колку време ќе помине пред да добиеме сосема функционална мрежа како оваа која ја користиме денеска.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
4 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Filip
Filip
14 years ago

Dobar prevod! lol

ZlateWay Jovanov
14 years ago

информативно :)

@PinkyTheGreat
14 years ago

IPv6 адреса изгледа вака: 2001:0db8:85a3:0000:0000:8a2e:0370:7334

Krale
Krale
14 years ago
Reply to  @PinkyTheGreat

Истата адреса може и вака да се напише со IPv6

2001:0db8:85a3::8a2e:0370:7334