(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде корисно и едукативно искуство.)
Како може да се справивме со вознемиреностa и зошто е тоа важно во нашиот секојдневен живот? Во овој текст, Маркус Врбоушчек од Универзитетот Зигмунд Фројд од Виена, ни објаснува за стравот и психологијата на претприемачите:
Модерното општество зависи од наративи што им даваат на нештата јасни објаснувања. Од пишувањата на Шумпетер претприемачот е објаснет како авантурист кој патува на бурниот океан на локални и глобални пазарни конкуренции, сам или придружен со неколку истомисленици, водени од ништо друго туку само од идеја; како една фигура околу која е врзан тој наратив на нашето општество. Но, иако ние ги следиме индивидуалните успешни приказни во весниците и магазините за менаџмент, дури и тие што нема да успеат ќе добијат признание од нас.
Зарем тие не се обидуваа да изградат нешто? Зарем тие не беа доволно храбри да следат идеја без разлика на колку неуспешен нивниот труд изгледа сега? Од кај ја собираат храброста, силата и мотивацијата тие претприемачи за да се соочат со бирократските и економските пречки, да ја следат нивната идеја и да ни остават неверојатни приказни да ги читаме?
Мерење на претприемачот
Психолошките истражувања открија дека успешен претприемач има супериорна внатрешна мотивација, ориентиран е кон извршување и достигнувањата, и има над-просечно чувство дека е способен за се (тоа е верувањето дека тој или таа можат да ги контролираат своите судбини без помош од другите). Кога ќе се зборува за успехот или неуспехот, претприемачот ќе си најде причини да ги поврзе двете со себе си.
Денес, психологијата е соочена со проблем дека мерење на однесувањето, когнитивното, личноста и контекстот не може да даде точна прогноза за идните бизнис успеси. Да се најде корелација помеѓу успешните компании и личноста на лидерот е од многу мало значење кога се обидуваш да предвидиш успех на стартапи. Се чини дека ние се фокусираме повеќе на играчите, отколку на играта!
Џинот и (џиновскиот) пазар
Наративот дека претприемачот е авантуристички дух е измислен. Колку и да е харизматичен и храбар лидерот, успехот е резултат на деликатен сет на случувања што се наредени позитивно во вистинско време, и карактерот на лидерот е само една од нив. Иако тенденцијата да се поврзе успехот или неуспехот внатрешно е важна за чувството за контрола на претприемачот, секојдневните бизнис операции понекогаш водат до сериозен емоционален и когнитивен стрес.
Затоа, еден од најинтересните и најтешките за разбирање феномени во психологијата е загриженоста. Не е проблем стравот дека се соочувате со одредена опасност – дали е тоа лоша зделка или тешки состаноци со потенцијални инвеститори. Ниту стравот што се појавува од вести дека пазарот паѓа. Загриженоста – како што егзистенцијалните мислители Киергард и Хејдегер ја објаснуваат – се однесува на нешто подлабоко од моменталната опасност со која сме соочени. Таа се однесува на нашиот начин дека сме набљудувани од светот. Таа се однесува на тоа што критичните мислители би рекле „Vargesellschauftung” или социјализација. Во пазарните општества оваа загриженост е поврзана со улогата која му е дадена на ризикот. Ова е темната страна на приказната на претприемачот како авантурист, фактот дека авантурата бара бурно море наместо базен со млака вода.
Денес секој е претприемач!
Истражувањата покажуваат дека основната загриженосот, несигурноста која доаѓа со живеење во општество базирано на концептот на ризик, не е ексклузивно искуство само за претприемачите. Се поголем е бројот на клиенти/пациенти кои на психолошките лекувања се жалат за постојаното чувство дека не се сигурни, за стресот кој се појавува од живеењето и работењето под постојан притисок да се докажеш пред себе без да знаеш кои се критериумите за успех.
Во исто време, психолозите, како и социолозите како Улриш Броклинг, Гунтер Воб и Ханс Понграц, укажуваат дека однесување и размислување како претприемач наскоро може да стане норма за пошироките маси – без разлика дали тие сакаат да имаат своја компанија или да останат во традиционалните форми на вработувањето.
Во оваа точка, наративот на претприемачот ја открива неговата идеолошка функција. Ако секој се однесува како претприемач тогаш секој може да се поврзе со основниот концепт за ризик на ист начин – со прифаќање на резултатот од битката!
Изложен и одговорен
Претприемачкиот наратив е многу повеќе од само приказна за неверојатни индивидуалци, тој е рамка што дозволува да разбереме како општеството функционира и која улога ние треба да ја играме. Тој не втурнува да преземеме индивидуална одговорност за тоа што ни се случува на нас, дури и ако имаме малку контрола врз факторите што го одредуваат нашиот успех или неуспех. Внатрешното убедување на претприемачот го рефлектира ова. И во исто време не тера да заборавиме на основните ранливости кои ги чувствуваме на локалниот и глобалниот економски натпревар.
Иронично, психологијата, повторно, гледа на овој проблем на одбивање. Истражувањата започнуваат да бележат фатални послетници од постојаната потреба да се биде авантурист кој зависи само од себе, без воопшто да е во можност да ги контролира исходите од неговите авантури. Во исто време гледаме и промена на психолошките истражувања кои се оттргнуваат од прашањата како еден може да се ослободи од стравот од неуспех, и се фокусираат на тоа како некој може да развие чувство за неуспех што ќе му дозволи да има пореалистично – дури и семоќност – имиџ за себеси. Таков имиџ – заедно со своите недостатоци – рефкелите што општеството не може да ни понуди денес.







