Електричните велосипеди кои се хибрид, комбинација на мотор и велосипед, стануваат се попопуларни бидејќи служат како фитнес рекреација кога се користат како велоспед, или како средство за побрз транспорт кој не загадува. Еден таков нов модел доаѓа од Vintage Electric Bike од Санта Клара, која се надева дека со помош на уникатниот изглед нивните велосипеди ќе отскокнат од конкуренцијата и ќе успеат да го освојат пазарот.
Трите модели од Cruz серијата: Fiesta, Cola и Aqua ќе бидат издадени во ограничен број од околу 5.000 велосипеди. Тие се уникатни поради својот ретро изглед, но нема ништо застарено во нивната изработка. Доаѓаат со 3.000 ватен електричен мотор, лед светло, батерија која се полни за два часа, хидраулични сопирачки и куп современа технологија. Батеријата е доволна да се поминат 48 километри, со максимална брзина од околу 60 km/h. Цената на велосипедот е 5.000 долари, а гаранцијата на велосипедот и батеријата е една година или 48.000 помината километри.