0 коментари 8 мин. читање 28 април, 2015

Spotlight on Failure: Адаптирај се или остави твојот бизнис да пропадне

(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде корисно и едукативно искуство.)

Во нашата потрага да го пронајдеме доброто, лошото и грдото во поразот, бевме доволно среќни да зборуваме со Надја Жехембајева, 36-годишна професорка за менаџмент, автор и бизнис консултат која работи во Словенија. Необичната животна авантура на Надја наиде на првaтa неверојатна пресвртница во Казакстан каде што таа стави крај на нејзината шест-годишна кариера како професионална танчарка од националната трупа, бидејќи не можеше да продолжи поради физичката состојба.

„Бев толку посрамена од тој пораз што не немав ни храброт да му кажам на режисерот за мојата одлука. Едноставно престанав да доаѓам и никогаш не му кажав збогум ниту му се заблагодарив за тоа што ме научи“, вели таа.

Ова беше пораз без кој таа никогаш немаше да го открие својот вистински интерес. Уплашени дека ќе застрани на темни патишта исполнети со дрога и други тинејџерски гревови, родителите на Надја ја испратија да работи во осигурителна компанија каде таа се вљуби во бизнисот, и во 1998 година се пресели во САД за да оди на постдипломски студии. И повторно имаше позитивен неуспех со нејзиниот докторат кога беше одбиена за сите бизнис школи во кои аплицираше, освен во Универзитот Кејс Вестерн Резерв, што го прифати без задоволство.

„Гледајќи назад, беше среќна околност што не бев примена во другите школи бидејќи сфатив дека Кејс Вестерн беше единствениот факултет што вистински му одговараше на моето разбирање за лидерството и знаејќи што предаваат другите, таму сигурно би се откажала“, објаснува Надја.

(Image courtesy of Nadya Zhexembayeva/ via Inventures.eu)

Штом стана доктор за организациони науки, Надја го започна JZ Consulting во 2007-ма заедно со нејзивниот сопруг што го запозна на универзитетот. Фирмата стана профитабилна до крајот на годината и продолжи со успесите од тогаш. Во 2008-ма година, Надја се пресели во Словенија со нејзиното семејство, прифаќајќи да води студии во школата за менаџмент IEDC-Bled. „Toa беше одлична покана за да се промени регионот, бидејќи во школата учеа поголем дел од словенечките директори, но и од Косово, Хрватска, Србија, дури и од Украина и Грузија. Работејќи во оваа важна платформа за идни претприемачи беше навистина интересна можност“, вели Надја.

Прифаќање на промените

„Се чувствував како да треба да почнам од почеток, и да си докажам себе си бидејќи на никому не му е гајле за вашето минато во нова средина. Се уште немате направено име, немате репутација, ниту ја имате довербата на луѓето“, се сеќава таа за своите почетоци во Словенија. Иако искуси неколку „што-ли-само-мислевме-моменти“, за Надја продолжувањето понатаму е неопходна и добра одлука. „Немате избор, освен да се освежите себе си бидејќи светот се менува, па или ќе се промените вие, или животот ќе ве голтне. Застрашувачки е, но истовремено и ве ослободува“.

Надја го искористи тоа размислување и за бизнисот, сеќавајќи се дека направи инвестиции што пропаднаа и одлуки да влезе во партнерство со луѓе што на крај резултираа во фијаско. „Неуспехот ве остава без опции; тоа е клучно за повторното откривање; да оставите се освен тоа што е најдобро во вас, и да најдете нов начин како да го искористите. Ако тоа е повторно откривање, тогаш неуспехот е вашиот најдобар пријател за да ја најдеш најдобрата верзија на себе си“.

Откажувањето сепак е вистински предизвик за претприемачите. По проучување на издржливоста во бизнис веќе 10 години и по напишани две книги, Надја вели дека повеќето луѓе ја поврзуваат оваа идеја со зборови како „издржување“, „истрајност“ и „oтпорност“ наместо да размислат за повторно откривање и адаптирање, што според неа е причината за неуспех на бизнисите. „Таа опсесија да се издржува е апсурдна; во реалноста ништо не издржува. Наместо да се пружа отпор на промената, одејќи во нејзината најдобра насока е најдобар начин за преживување“, вели таа.

Овој феномен, вели таа, е посебно присутен во стартап светот, каде само 3 од 10 бизниси преживуваа по 5 години. „Тие пропаѓаат бидејќи очајно се обидуваат да останат во бизнис… наместо да излезат од дупката и да се реорганизираат. Затоа го сакам lean startup моделот; ја прифаќаш промената во процесот и не се задржуваш на стариот продукт“.

„Гради да иновираш“ наместо „гради да трае“

Идејата за повторното откривање е клучен концепт во учењата на Надја. Просечниот животен век на компаниите се повеќе се намалува и тој феномен се забрза во последната декада. Од 75 години во касниот 20-ти век, животот на една компанија се намали на 15 години со почетокот на 2000-тите и сега падна на само седум години во просег, вели таа повикувајќи се на нејзиното последно истражување.

Најда е непоколеблива дека е од исклучителна важност за компаниите да бидат иновативни со својот бизнис модел кога приходите се намалуваа: „Мора да се откривате повторно пред да го достигнете врвот, пред да бидете премногу комотни, или ќе почнете да си замислувате дека сте предобри за да пропаднете, преголеми да пропаднете или премногу уплашени за да се тргнете. Треба вие самите да си го изберете својот пораз наместо да бидете негова жртва“.

Ова значи дека компаниите мора да почнат со циклус на повторно откривање секои 3,5 години кој ќе го вметна во нивниот реален бизнис модел за да останат на површината. Ова „адаптирај или умри“ менталитет е развиен преку манифестото за „Десете заповеди за издржлива компанија“.

Иднината на извршното лидерство

Додека ја водеше својот приватен фонд со профити од нејзиниот консултантски бизнис, Надја вежба да работи и како директор десет дена во месецот за неколку фирми уште од 2012-та година, концепт што таа го позајми со Фарел Вилијамс, привремен креативен директор на неколку компании.

„Овој модел ми дозволува да добијам идеи од различни индустрии додека си посветена на работата: Вие сте одговорни за резултатите, но во исто време мора да имате свежи идеи секој месец бидејќи работите со различни продукти и индустрии“, објаснува таа.

Надја промовира да донесе нова извршна улога во својата фирма – главен директор за реиновации, титула што таа ја смисли бидејќи верува дека е клучна за иднината на компаниите. Што се однесува до нејзините планови, таа размислува да го пресели семејството и своите активности назад во САД, и да му стави крај на своето поглавје во Словенија.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top