Аpple Watch е креативен предизвик за развивачите на игри

Apple Watch без сомневање ќе биде важен дел за Apple и za добар дел од девелоперите кои веќе започнаа со портирање на своите апликации за паметниот часовник на Apple. Но што се случува со најголемите заработувачи на AppStore – видеоигрите? На прв поглед не постои начин кој часовникот би можел да биде задоволителен уред на кој би можеле да се играат видеоигри. Без сериозна преработка на дел од игрите, часовникот би можел да се користи како дополнителен екран за дел од iPhone игрите или можеби и како контролер.

Дел од девелоперите кои заработуваат од видеоигри веќе очајно бараат креативно решение за Apple Watch, но ќе мора да се најде поиновативен гејминг за да се биде успешен на овој нов уред. „Во моментов сите наши ресурси се на Apple Watch. Не работиме на ова во слободно време, не е мал експериментален тим кој работи на страна. Мислиме дека ќе го трансформираме гејмингот за секој сопственик на Apple Watch. Ќе мигрираме на Apple Watch како што мигриравме од прелистувач на апликации…“, вели Стивен Грифин директор на Eyes Wide Games, развивачи на Watch This Homerun, за Ars Technica.

Минијатурниот екран, но и недостатокот при имплементирање на контроли е сериозно ограничување, па добал дел од девелоперите најверојатно веднаш се откажуваат од портирање на шутери, платформски игри и слично. Endless runner како Temple Run најверојатно се дел од игрите кои би можеле да ги видиме на часовниците, можеби 1024 и слични логични игри може без проблем да се преработат за помалите екрани. Но, проблем не е само малиот екран. Самиот SDK-Watch Kit кој Apple го издаде за креирање на софтвер за часовникот доаѓа со сериозни ограничување кога е во прашање развојот на видео игри. Дополнителен проблем е начинот на кој се имплерментираат анимациите.

„Нормално кога креираат видео игра, се правите со помош на алгоритам. Овде мора се да биде претходно рендерирано. Можете да креирате интересни анимации, но наместо да го креирате движањето динамички, и да одлучите каде сакате да се движат играчите, мора да ја организирате играта за локациите за кој знаете дека се можни потези и да ги изрендерирате претходно“, додава г.Грифин.

Овие ограничувања предизвикуваат сите креирани игри да мора да бидат креирани во сегменти кои траат помеѓу 10 и 15 секунди, подоцна овие сегменти мора да се комбинираат во подолга игра која ќе биде забавна и интересна за играчите. „Ова е еден од највозбудливите предизвици за дизајн кои сме ги имале последниве години“, вели Аки Џарвелето од Everywhere Games, кои работат на „single click“ RPG видеоигра за паметен часовник. Друга интересна игра за часовникот е Spy_Watch на која работи Bossa Studios. Играта е во реално време, а корисникот може да одлучи за делови од мисиите на кои ги праќа своите шпиони преку пораки. Кратките пораки се всушност единствена интеракција во играта, по што корисникот треба да почека и да види кои се резултатите од мисијата. На пример агентот го прашува играчот дали да ги онеспособи стражарите или да се обиде да се скрие и да влезе во абмасадата, по ова играта продолжува се додека не дојде време за следната одлука која треба да ја донесе играчот.

Покрај сите ограничувања станува јасно дека развивањето видеоигри за паметниот часовник во моментов бара од девелоперите креативни решенија. Новата верзија на оперативниот систем без сомневање ќе им ја олесни работата на девелоперите, иако можноста за гејминг на екран од часовник со дијагонала од 42mm тешко дека возбудува некого.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments