South Central Ventures ќе инвестира 2 милиони евра во хрватскиот Bulb Tech

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.ЕУ, ИТ.МК, Статии

Image Courtesy of Bulb Tech

Инвестицискиот фонд South Central Ventures (SC Ventures) ја направи својата најголема инвестиција до сега, инвестирајќи 2 милиони евра во хрватската компанија Bulb Technologies.

Компанијата Bulb Technologies е софтверска компанија која се фокусира на телеком секторот, нудејќи им платформа за корисничка поддршка и подобрување на корисничкото искуство. Главниот продукт на компанијата е CEMPRESSO, кој претставува решение за менаџмент на корисничко искуство кој овозможува автоматизирана дијагностика, аналитика и организирана поддршка, воглавно наменет за контакт центрите во телеком секторот.

Платформата CEMPRESSO нуди можност за автоматизирано идентификување на проблемот кој го има даден корисник прикажувајќи ја целата топологија на услугите кои се користат и вршење на проверки, што на вработените во контакт центарот им овозможува да идентификуваат проблем дури и кога имаат недостиг на напредно техничко познавање. Во некои ситуации овозможува и самите корисници да ги идентификуваат проблеми преку апликација и да го пријават случајот.

Компанијата Bulb Technologies е основана во 2006 година од Ведран Резар и Невен Стипчевиќ заедно со тим на инженери кои претходно работеле во телеком индустријата, а во следните години како свои клиенти ќе ги добие Deutche Telekom, Telekom Austria Group и United Group. Во моментот компанијата брои над 40 вработени и е со седиште во Загреб, Хрватска.

Менаџмент тимот – Марко Чапета, Ведран Резар, Невен Стипчевиќ (Image Courtesy of SC Ventures)

„Bulb Technologies им помага на телеком операторите да достават клучни стратегиски приоритети  и одлично корисничко искуство. Во изминатите десет години имавме интеграции за едни од водечките телекоми, и бевме препознаени како префериран партнер  во услужниот сектор на телеком индустријата во југоисточна Европа. Партнерството со South Central Ventures ќе ни овозможи да напредуваме побрзо во ширење на глобалниот пазар и подобрување на услугите на CEMPRESSO продуктот.“ – изјави Ведран Резар, еден од основачите на компанијата.

Со оваа инвестиција, SC Ventures уште еднаш ја потврдува својата доминантна позиција како еден од главните инвестициски фондови кои ја раздвижија балканската стартап сцена и ставија стоп на изговорите на скептиците дека на балканот нема пари за основање бизниси. Главната цел на инвестицијата од 2 милиони евра во Bulb Tech е катализирање на глобалната експанзија, што е приоритетен стратешки фокус во инвестирањето на SC Ventures, за кој пишував пред некој месец.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] South Central Ventures се вклучени 14 компании меѓу кои InPlayer, Agrivi, Bulb, Alchemy, Virtus Vita, TradeCore and Sentinel […]