Како да го избришете вашиот глас од архивите на Google

Дали го користите гласовното пребарување од Google? Можеби некоја слична функција на Chrome, Google Home, Android TV или Android?

Најверојатно веќе претпоставувате, сите пребарувања и гласови се снимени и постојат во облакот. Ако сте ја гледале втората сезона на Black Mirror, најверојатно се потсетивте на можноста за креирање на виртуелни луѓе. Во епизодата „Be Right Back“, Еш, оживеа по смртта благодарение на присуството на друштвените мрежи и дигиталниот отпечаток. Сепак ако повеќе ја цените вашата приватност отколку можноста за „бесмртност“ тогаш можеби не е лошо да си ги потсредите податоците.

Податоците кои се снимени во облакот му се достапни единствено на корисникот. Никој друг освен вас и Google нема пристап до нив, освен во случај базата и Google да бидат хакирани. Сепак за да не се мислите може едноставно да прегледате што Google чува за вас, но и да престанете со снимање.

Посетете ја страницата „Voice & Audio Activity“.  Google ќе ви овозможи да ги преслушате снимките преку пребарување на точна дата или период. Може да избришете дел од нив или сите или да одберете да престане снимањето. За да ги избришете единствено треба да одберете аудио порака да ја селектирате и да одберете „Delete“. За жал ако сакате да го користите гласовното пребарување, снимањето на аудио мора да биде вклучено. Ако баш ова и не ви е важно, може да го исклучите од: Activity controls > Voice & Audio Activity > Pause.

Зошто воопшто му се потребни овие податоци на Google?

Говорното пребарување и препознавањето на гласови е уште во рана фаза на развој. Компанијата ги користи снимените аудио пораки за да го подобри сервисот. Поправките се најмалку во две насоки. Подобро препознавање на гласот на корисникот и поточно препознавање на говорот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments