Над 250.000 лажни веб сајтови и над половина милион лажни корисници (ботови) секој ден заработуваат околу 5 милиони US долари. Станува збор за руска сајбер мрежа која заработува со измама на реклами пласирана од видео огласувачите. Огласувачите исплаќаат средства како за преглед, но нивните видеа ги отвораат ботови.
Измамниците успевале да добијат висока цена за рекламите, просечно 13 долари за 1.000 прегледи. Секојдневно ботовите прегледуваат помеѓу 200 и 300 милиони реклами. Ова им заработува помеѓу 3 и 5 милиони долари, објаснува WhiteOps во својот извештај.
Системот го злоупотребува најголемиот недостаток во системот на дигитален маркетинг, недостаток на метод за доверливо броење на прегледи. Лажните страници се претставувале како: Fox News, CBS Sports, New York Times, Wall Street Journal, Facebook, Yahoo, Allrecipies и AccuWeather. Дополнително хакерите креираат и лажна агенција за продавање на реклами. Злоупотребата е наречена Methbot, поради зборот „Meth“, кој е употребен во кодот.
Methbot
Шемата на измамата е наречена Methbot, поради зборот „Meth“ кој се појавува во кодот. Целата шема е дизајнирана да може да ги избегне мерките за заштита кои ги користи индустријата за рекламирање. Шемата за New York Times ја објасни Мајкл Тифани од White Ops.
- Криминалците најпрво ги регистрирале своите интернет адреси под име на познати интернет провајдери и сервиси. Comcast, AT&T и Cox се дел од сервисите кои се користени во измамата.
- Креаторите на измамата ги поврзале овие адреси со 571.904 ботови. Ботовите се копија на корисници и имитираат реакции на луѓе. Во прелистувачите се вметнати лажни локации, лажна историја на посетени страници, лажни профили до друштвени мрежи. Ботовите исто како и луѓето отвораат видеа, и ги запираат со притискање на глувчето.
- Измамниците ги поврзале овие ботови со креирани автоматизирани мрежи за продавање на празен рекламен простор на илјадници веб сајтови.
Ботовите потоа се преправаат дека посетуваат легитимни веб сајтови, но оди на дел од креираните лажни страници. Сервисите кои прикажуваат реклами наддаваат чија реклама ќе биде прикажана. Ботот ја отвора рекламата на лажната веб страница и рекламата се прикажува како на нормален корисник.
Потоа системот испраќа лажни податоци до рекламните сервиси, а метриката е идентична како за вистински корисници.
Methbot на дигиталниот маркетинг секој ден му носи загуби од минимум 3 милиони US долари. Со ова измамата за повеќе од 3 пати го надминува ZeroAccess (900.000 долари дневно), кој беше претходен рекордер со слична шема.
Ништо ново, со години се врти овој на измама и на така наречени фарми или traffic exchange страници.
Многу е по едноставно од колку што изгледа. Зборам од искуство и поседување на на таков тип на страна која беше наменета за youtube :)