Корисниците на Windows 10 имаат мали шанси за почитување на приватноста затоа што оперативниот систем од петни жили се труди да ги разоткрие вашите навики, делувања и контакти преку услуги кои се замаскирани како опции за дијагностицирање. Поради сево ова, најдоброто што можете е да ja заштитите вашата приватност со некој од нашите совети или преку алатката O&O ShutUp 10.
Во случај да барате посодржителна алатка која ја подржува надградбата Anniversary и воведува бројни подобрување на приватноста, проверете ги можностите на DoNotSpy10.
DoNotSpy10 е бесплатна алатка која се промовира како првата анти-шпионска алатка за Windows 10. Ненаметливиот интерфејс уредно ви дозволува да ги исклучите бројните Windows 10 сервиси кои, во никој случај, не се критични за вашите потреби, а трошат ресурси за активности кои, според многумина, се насочуваат кон загрозување на приватноста.

Најновата верзија ви дозволува да деактивирате Bluetooth рекламирање, совети преку екранот за заклучување, како и поднесување извештаи до Windows Defender, а забележителни се и бројни надградби во поглед на останатите можности за деактивирање, како следење преку прелистувачот Edge, пребарувачки предлози и страни, како и деактивирање на Adobe Flash Player.

При преземањето и инсталирањето на DoNotSpy10 внимавајте да не дозволите и непотребен, дополнителен софтвер кој се провлекува не затоа што е навистина корисен туку затоа што авторите го рекламираат.







