0 коментари 2 мин. читање 2 март, 2017

Новиот едитор на Word е попаметен

Microsoft ја користи вештачката интелигeнција за да им помогне на сите во пишувањето. Новата верзија на Word во Office 365 пакетот може да препорача совети за поквалитетен текст. Надградбата на Word која користи вештачка интелигенција за Office 365 се вика Editor и е толку добра што може да им помогне и на поискусните познавачи на јазикот.

„Како да сте вработиле граматички бебиситер. Editor го прегледува целиот текст и ве известува кога користите пасив на форма или жаргон. Може да идентификува и зборови кои покажуваат несигурност. Користев зборови како „во основа“ и „можеби“. Ги избришав и сега кога ќе го разгледам текстот многу е посреден.“ – вели Џон Брендон од Venture beat кој е автор на околу 10.000 статии.

Image: Microsoft

Вештачката интелигенција може да препознае кога некој збор е вишок и можеби е додаден за колорит, а кога е потребен и не може да се избрише. Вештачката интелигенција препознава кога корисникот пишува сленг и го предупредува.

„Машинското учење станува неверојатно добро. Сега може да му помогне на професионален писател како мене да замени зборови и да ги поправи грешките. Ми помогна да ја заменам пасивната форма. Понекогаш користам некои зборови пречесто или послаби зборови.“, додава г. Брендон.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top