Google го обвини Uber за „калкулирана кражба“ на технологијата за автономни возила

Новиот оддел за автономни возила на Alphabet, Waymo покрена тужба против Uber. Причината за тужбата е технологијата во стартапот за автономни камиони Otto. Стартапот сега е дел од Uber, а Google го обвини основачот дека користи технологија развиена од оваа компанија.

„Неодамна добивме неочекуван имејл. Еден од нашите добавувачи на LiDAR компоненти изгледа ненамерно ни испрати атачмент на цртеж на она што изгледа дека е LiDAR плочката на Uber. Но, дизајнот имаше неоспорна сличност со LiDAR дизајнот на Waymo.“, вели Waymo на Medium

Основачот на Otto, Ентони Левандовски е дел од тимот кој работеше на автономните возила на Google. Компанијата го обвинува г. Левандовски дека пред да ја напушти компанијата, на екстерен хард-диск снимил 14.000 фајлови, со големина од 9.7 GB. Дел од овие фајлови е и дизајнот на LiDAR плочката.

„Реплицираната плочка наликува на доверливата комерцијална LiDAR технологија која е дел од трговските тајни на Waymo. Реплициранта плочка е креирана за користење со многу други тајни на Waymo…“ се вели во тужбата.

Дополнително Google тврди дека има докази дека г. Левандовски уште пред да го напушти Google по имејл контактирал вработени во Uber. Според извештајот дел од имејлот е и LiDAR плочката на Otto.

Основачот на Otto тврди дека плочката е специјално изработена во компанијата и не е истата како онаа на Google.

Waymo ги тужи и бара оштета од Otto и новиот сопственик Uber за кражба на трговски тајни, нелојална конкуренција и повреда на интелектуална сопственост, јави Recode.

„Не гледам како одбраната планира да се извлече со ова, особено денес кога сè се евидентира и чува.“, вели Марк Тери, адвокат кој специјализира интелектуална сопственост. Г. Тери додава дека дури и да биде казнет, на Uber можеби сепак ова му се исплати. „Развојот им отиде многу напред. Се здобија со огромна предност. Не би ме изненадило веќе да имаат направено cost-benefit анализа“.

 

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] На судењето Google тврдеше дека контактот со Uber e уште пред да го напушти Google. Google го обвини г. Левандовски и дека пред да ја напушти компанијата, на екстерен хард-диск снимил 14 000 фајлови, со големина од 9,7 GB. Дел од овие фајлови е и дизајнот на LiDAR плочката која Google (сега Waymo) ја користи во своите автономни возила. […]

за целосна понуда на продукти, на market.it.mk