Sony Ericsson нуди филмови на мобилен

во Хардвер

{mosimage} Со новите генерации на мобилни телефони, кои споредено со првичните модели, се повеќе од мини компјутери, компаниите започнаа да размислуваaт надвор од маската на телефонот за тоа како да го прошират опсегот на мобилната индустрија.

За тие цели Sony Ericsson ја стартуваа PlayNow Аrena платформата преку која нудат најразлична содржина, музика, игри, ринг тонови, позадини … се што би сакале да имате на мобилен. Ова e дел од Entertainment Unlimited планот на Sony Ericsson кој беше претходно најавен во Барселона на Светски конгрес за мобилна технологија. Друг пример за ваква слична онлајн платформа е Apple Store со апликации за iPhone каде најсимнуваните се видео игри и апликации за друштвени мрежи, што покажува дека мобилните телефони се повеќе од само телефон.

Најновото нешто што го презентираше Sony Ericsson преку својата PlayNow Аrena платформа е гледање на филмови преку мобилен. Сега за сега оваа услуга функционира само со W995 Walkman моделот, но ќе биде достапна за сите идни модели.

„Со филмската понуда на PlayNow Аrena продолжуваме да ги тргаме препреките и да им овозможуваме на корисниците да преку својот телефон имаат пристап до забава.“ вели Мартин Бломквест, кој го води оделението за содржина на Sony Ericssonu.

Услугата
нуди 60 филмови кои можат да се симнат од сајтот. Откако ќе се бидат симнати корисникот може да ги гледа кога сака во рок од 90 дена. Моментално услугата нуди симнување само преку компјутер поради „големината на филмот и време траењто на симнувањето“ , но неможат да се гледаат на компјутер бидејќи форматот е наменет за мобилниот.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk