{mosimage}Беџет Муслија од Чаир, познат како Бени, ќе го тужи Google пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург поради www.google.com.mk доменот. Тој го регистрирал доменот преку МАРнет во 2004 год. Google веднаш реагирал и г-дин. Муслија е казнет со 1.000 евра поради „повреда на трговски бренд“ како што вели адвокатот Валентин Пепељугоски, кој ги застапува Google во Македонија.
„Обвинетиот при регистрацијата го користел брендот „Гугл“, која е светска позната фирма на веб-страниците, со цел да ги измами корисниците. Луѓето што сакаат преку ноќ да се збогатат не читаат дека во меѓувреме се менуваат прописите и се заоструваат санкциите за ваквите кривични дела. Оваа област е подложна на промени и сите нови конвенции се задолжителни за Македонија“ изјави г-дин. Пепељуговски за Дневник.
За Беџет Муслија ова е нефер. Тој преку МАРнет
си го регистрирал доменот:
„Ги почитувавме сите права, односно немаше нарушување на индустриската сопственост, плаќавме даноци и се’ беше законски. Одеднаш испаднавме виновни. Нашиот сајт беше целосно одделен од „Гугл“. Ние не користевме жиг ниту пак ги користевме нивните услуги и бази на податоци за пребарување. Платформата не беше на „Гугл“ туку наша, а земено беше само името.“ објаснува г-дин. Муслија.
Целата историја на сајтот која е забележана од интернет архивата можете да ја погледнете тука.
Но има еден проблем со проектот на г-дин. Муслија.
{mosimage}
Како што можете да видите, г-дин. Муслија го продава доменот. Ова на интернет е познато како cybersquatting, т.е. заземање домени на компании или познати личности и брендови и потоа нивно продавањe. Проблемот тука е заземање домен со име на бренд и негово искористување, при тоа немора да се спомене дека додека Google.com.mk е во изработка, се вели дека овој проект е во „кооперација со интернет пребарувачи“. Можеби Google не е еден од тие пребарувачи, но името на доменот имплицира на Google кој е интернет пребарувач.
Втор проблем е што според правилата на МАРнет домените не смееат да се закупуваат и продаваат.
{mosimage}
Ова важи и за www.yahoo.com.mk, сајтот на Инфопроект. Тие си го имаат регистрирано доменот, но иако си рекламираат своја фирма, сепак може да се види (лево на менито) дека и тие го продаваат доменот што е искористување на бренд.
Покрај продавањата, според правилата на
на МАРнет
„Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име и слично, освен ако подносителот на барањето за регистрација – корисникот на доменот е сопственик на заштитниот жиг, име и сл.“
{mosimage}
За Дневник, г-дин. Муслију изјави дека „самиот Пепељуговски има напишано во својата книга дека домените не спаѓаат во казниви дела за кражба на интелектуална сопственост“.
Од друга страна г-дин Пепељугоски одговори дека правилата не важат кога е во прашање светски познат бренд и име, и дека ова е кражба на интелектуална сопственост.
Совет до г-дин. Муслија – прочитај за примерот на домените на Џенифер Лопез која си презеде 2 домени на нејзино име бидејќи нејзиното име т.е бренд беше искористен за комерцијални цели.






