{mosimage}FriendFeed е агрегатор на фидови од други друштвени мрежи и сајтови кој сега ја објави својата апликација за пребарување во реално време. Пребарувањето во реално време беше наречено пребарување на иднината и од Google и oд Microsoft кои беа заинтересирани за Twitter и неговото пребарување.
Но, сега вниманието го привлече FriendFeed кои нудат фидови од преку 50 друштвени мрежи, вклучувајќи го и Twitter кој е вржан само за своите корисници. Дали користите Facebook, MySpace, Twitter, форуми, како форумот на IT.com.mk… сето тоа можете да го соберете на едно место преку FriendFeed.
Најдоброто од се е што пребарувањето на FriendFeed може да го вметнете на вашиот сајт или блог. Подолу можете да го видите вметнатото FriendFeed пребарување. Инаку пребарување во реално време значи пребарување низ друштвените мрежи, пребарување кое постојано се надополнува со линкови и информации преку друштвените мрежи. Затоа и FriendFeed е интересен сервис. Преку него можете да ги следите сите мрежи. Како агрегатор на вести, пример Time.mk, но FriendFeed е агрегатор на пораки од друштвени мрежи(фидови). Да го објаснам поедноставно, кога умре Мајкл Џексон, Twitter се сруши бидејќи веднаш штом се разбра дека Џексон е во болница луѓето започнаа да споделуваат разни линкови и информации за него и неговата смрт. Така кога би го пребарувале Мајлк Џексон тогаш ќе ги добиете сите актуелни информации и линкови за него повржани со моменталните случувања. Тоа е пребарување во реално време.
Како што може да се забележи, пребарувањето се надополнува само, нема потреба од повторно вчитување на страната. Друга одлична работа е што преку апликацијата може да се читаат и вметнуваат коментари и да се споделува таа порака/фид преку друштвените мрежи и блогови.






