SoMo Borac: Пет друштвени мрежи кои допрва доаѓаат

(Ова е гостински пост од организаторите на регионалната дигитална награда SoMo Borac. IT.com.mk е медиумски партнер)

SoMo Borac, најважната регионална дигитална награда која се доделува на Weekend Media Festival, а која ја организираат агенциите 404 и Jasno i glasno, преставува листа на друштвени мрежи чие што време допрва доаѓа. Сите веќе знаеме, или бар поголемиот дел од нас, од која важност се социјалните мрежи како Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube и Instagram, но колку навистина знаете за останатите друштвени мрежи кои не се толку познати, но се предвидува дека би можело да станат нови ѕвезди на сцената?

Ова се пет друштвени мрежи на кои треба да им се посвети внимание во периодот што следува. Некој од нив сигурно ќе станат ваше омилено место за забава:

Periscope

Со дури милион корисници во првите десет дена, Periscope е на врвот на нашата топ листа која сигурно ќе остави белег врз корисниците на друштвените мрежи. Видео содржината денес претставува „must have”, она што привлекува внимание, а токму тука стапува на сцена Periscope. Станува збор за друштвена мрежа во сопственост на Twitter која им овозможува на корисниците пренос во живо на видео содржини преку паметните телефони. Масата е вашата публика, затоа што содржината можете да ја пренесете на своите Periscope и Twitter следбеници.

Dronestagram

Самото име на Dronestagram потсетува на популарниот Instagram, но она по што е посебна се сѐ повеќе присутните летала за снимање: дронови. Популарноста на дроновите во снимањето и фотографирањето секој ден е се поголема, а корисниците од сега може да ги споделат своите прекрасни фотографии снимени од птичја перспектива и со останатите фанови преку оваа специјализирана социјална мрежа. Доколку поседувате ваква скапа играчка, ова е вистинското место за вас!

AirBnb

Можеби AirBnb и не е друштвена мрежа во најтесна смисла на зборот, но оваа on-line заедница е во голем пораст во изминативе две години и е вистинското место за сите оние кои нудат или бараат сместување. Преку Airbnb можете да создадете разни конекции, па дури и пријателства, а и заработката нема да изостане. Страницата е user friendly и има опции за филтрирање за полесно снаоѓање на корисниците и извршување на својата потрага во што покус рок, што на корисниците им овозможува дополнителна заштеда која не би можеле да ја остварат преку традиционалните алатки за пребарување. Секако, треба да се посвети внимание на тоа како оваа интересна заедница ќе се развива во понатаму, во иднината.

Snapchat

Snapchat е поврзан со мобилните уреди, а со напредокот на технологијата со се појаките камери на уредите, видео содржините и фотографиите се повеќе ги привлекуваат корисниците, па со тоа ја сфаќаме и популарноста на оваа друштвена мрежа. Ако сакате брзо и едноставно да споделувате видео содржини до 10 секунди и фотографии со своите пријатели, оваа социјална мрежа ќе ви се допадне. Всушност, кога своето уметничко дело ќе го пратите на пријател, а тој ќе го погледне, содржината исчезнува додека да трепнете со окото. Некако ни се чини дека баш заради оваа опција „гледаш – не гледаш“, оваа друштвена мрежа има посебен шарм кој и дава светла иднина.

Shots

Its selfie time! Shots е друштвена мрежа достапна преку мобилните уреди е совршено место за објавување на овој “феномен“. Можете да ги објавувате вашите фотографии, брзо и едноставно да ги објавите и споделувате со пријателите и да испраќате пораки. Веќе е во пораст и е меѓу популарните социјални мрежи и очекуваме да се искачи повисоко во текот на наредните години.

Дознајте повеќе за наградите SoMo Borac на официјалниот сајт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments