Google презентираше верзија на Chrome оперативниот систем кој ќе биде наменет за бизнис корисниците. Тоа што го разликува од останатите верзии е поддршката за постарите (legacy) апликации. Овој нов ОС беше презентиран минатата недела, и веднаш беше најавено партнерство со Dell кој ќе ги продава и првите Chromebook компјутери со бизнис софтверот.
Промената доаѓа откако во Google сфатија дека дел од компаниите користат 30 години стари апликации, кои не можат едноставно да ги префрлат во облакот. Google долг период се обидува да им објасни на корисниците дека користењето на услугите во облакот е поедноставно и побезбедно, вели New York Times. Решението е Chromium лаптопи од 300 до 900 долари со кои вработените ќе можат да пристапат до застарените апликации на бизнисот.
Промените во Chrome OS ќе овозможат со Chromebook да влезе во системот на коорпорацијата и од таму да ги користи старите апликации. Ова е можно преку виртуелизиран ОС. Hewlett-Packard и Acer досега не ги имлементирале промените, но најверојатно ова ќе се случи наскоро. За HP како и за IBM одржувањето на старите програми и консултациите за надградба на истите се дополнителен приход.







