Софтверот преку кој зборува Стивен Хокинг сега е со отворен код

во Софтвер

Софтверот кој Стивен Хокинг го користи за комуникација отсега е достапен за сите и
тоа бесплатно. Assistive Context-Aware Toolkit сега е со отворен код, а креирана е .NET 4.5 WinForms апликација која може да ја користи било кој, се разбира идејта е што повеќе луѓе да се запознаат со начинот на работа и да допринесат со сопствени идеи. Девелоперот Мансиб Рахман е еден од првите кои го тестираа системот и го сподели искуствотo на својот блог, истовремено давајќи детално објаснување за специфичниот случај на г-дин Хокинг. ACAT има шест точки на кои може да детектира сигнали, на екранот курсорот постојано се движи, а секое движење го запира.

„На екранот ги има буквите од азбуката распределени во колони, заедно со опции за промени и навигација. На почеток курсорт ја менува положбата помеѓу опциите и буквите. По избирање на една од овие опции, пример буквите курсорот почнува да се движи по колоните, по селектирањето на посакуваната колона, се намалаува и започнува да се движи по буквите“.

За среќа не е потребно да се испише целиот збор туку блафодарение на софтверот по исчукување на доволно букви, системот започнува да го предвидува зборот, по неколку зборови и доволно користење системот сфаќа за што саката да кажете и започнува да нуди одговори. Точните одговори не секојпат се во листата но по неколку букви посакуваниот збор се појавува.

Тоа што можеби е поимпресивно е што истата контрола се користи и за управување со оперативниот систем кој е модифициран за поедноставно управување и делекција и ги има основните потреби за г. Хокинг.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments