Од следниот месец започнува продажбата на соларнит кров, најави Tesla. Интеграцијата со батериите за домот со Powerwall 2 ќе овозможи домовите да бидат енергетски независни.
Иако соларниот покрив е достапен во претпродажба од април, засега нема податоци за првите испораки. Претпоставките се дека ова ќе започне во средината на 2017, иако нема официјална потврда за ова од Tesla. Веста за достапноста на соларниот кров на Twitter ја објави Илон Маск во одговор на прашање.
@elonmusk How are the Solar Shingles coming along? Is there an ETA? Hoping my roof survives till then.
— Michael Hols (@HolsMichael) March 24, 2017
Соларните керамиди на Tesla се изработени од материјал кој наликува на стакло и секоја од нив е соларна ќелија. Она што навистина е импресивно е што цената на соларниот кров на Tesla е пониска од цената на традициoналните кровови. Керамидите на Tesla, се и поиздржливи, а доаѓаат во 4 верзии. Соларниот кров е изработен како соработка на Tesla и SolarCity. Оттогаш Tesla за 2 милијарди долари ги купи SolarCity, Tesla се ребрендираше во Tesla Inc.

Image: Tesla
Солaраниот кров и Powerwall 2 се иднината на компанијата. Бројот на производители на автомобили кои најавија електрични возила е поголем секој ден, па на Tesla и беше потребна област со помалку конкуренција. Дополнително соларниот дом ќе овозможи и електричните автомобили да бидат целосно „зелени“ бидејќи сопствениците на соларниот кров ќе го полнат автомобилот со електрична енегија од сонцето.







