Спонзорирано

Softelligence формира тим во Македонија – одберете кариера со глобални клиенти

Спонзорирано од Softelligence

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечка индустрија во светот и игра важна улога како снабдувач на работни места. Интересот за кариера во оваа индустрија не го заобиколи и македонскиот пазар, каде се повеќе млади одбираат едукација во оваа насока. Трендовите од година во година покажуваат видлив раст според сите показатели, а може да кажеме дека ИТ индустријата оди во одлична насока. Бројот на меѓународни и домашни компании, кои на македонскиот пазар одбираат експерти кои развиваат софтвер за мултинационални ИТ компании, е значаен и важно е меѓу нив да се препознаат оние кои нудат подобри работни услови. Она што романската компанија Softelligence ја одвојува од мнозинството е богатата листа задоволни меѓународни клиенти што овозможува одлични услови за градење и развој на кариера во ИТ секторот.

Компанијата Softelligenceе дел од модерните текови на дигитализацијата и на македонскиот пазар, во потрага по нови високообразовани стручни кадри. Како силно развојна компанија, Softelligence ги бира најдобрите во својот тим.

“Наша цел е да го оформиме идеалниот тим и во Македонија. Сметаме дека локалните експерти имаат уникатни идеи кои целат кон раст на брендот Softelligence. Односно, нашиот бизнис се рашири на меѓународно ниво и достигнавме точка во нашиот раст кога ќе треба да спроведеме глобална стратегија за поддршка. Поставувањето глобална поддршка за клиентите бара голема посветеност и инвестиции. Имаме пристап до поголем пазар. Тоа значи дека глобалната поддршка овозможува компаниите полесно да комуницираат со водечките лица и клиентите во различни земји, давајќи им конкурентска предност во однос на другите бизниси со ограничена поддршка“, вели Адриан Блидарус, основач на компанијата Softelligence.

Компанијата Softelligence инвестираше во отворање голем број работни места за ИТ професионалци во Македонија. Нивната понуда опфаќа одлични услови за работа, пристап до најновата технологија и обуки со што секојдневно докажуваат дека го вреднуваат знаењето и придонесуваат во намалување на експерти кои заминуваат надвор од границите на земјата.

“Напредувањето во знаењето и вештините во нашата компанија се главен приоритет. Нашата мисија е насочена кон напредување на нашите вработени. Го имаме вистинскиот талент – луѓе кои се експерти во својата област, луѓе кои докажуваат дека локалните експерти се тајното оружје за остварување на глобален успех“, вели Блидарус.

Само за илустрација, на богатата листа меѓународни клиенти ги препознаваме Beazley, TBI Bank, Hyperion Insurance Group, Info Support и многу други. Можноста да се работи со овие имиња е предизвик за секој докажан ИТ експерт, а тоа да се прави во средина каде се вреднува трудот и се даваат можности за персонален кариерен раст, е шанса која не треба да се пропушти.

Една таква приказна која можеме да ја издвоиме е меѓу Info Support и Softelligance. Како што и самите изјавуваат: “Во моментов, повеќе од три години по започнувањето на тој проект, двете страни можат да ја опишат нивната соработка со еден збор: горди.”

Додека пак, Мартин Гејзен, Партнер за приближување од Info Support, го дефинира успехот како:

“Во случај на заедничко партнерско работење, успех за мене е комплетно завршување на проектот, со комбиниран тим со високи перформанси, кој обезбедил одличен софтвер заснован на квалитетна работа, со еднакво и заедничко разбирање.”

За повеќе информации погледнете ги следните линкови: https://www.softelligence.net/job-openings/ или официјалната Facebook страна https://www.facebook.com/softelligence.mk/ на компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Softelligence . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk