Игри кои ќе излезат во октомври

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Во гејмерската индустрија, месецот октомври е обично еден од најексплозивните месеци, резервирани за огромни и долго очекувани хитови.

Се чини дека ни овој октомври нема да биде исклучок и уште од утре доаѓа на голема врата Overwatch 2! Жал ни е што денот кога O2 стапнува на сила, серверите на едицицата згаснуваат, но така решиле дека е најдобро од Blizzard, за да „не се делат гејмерите“. Критичарите, меѓутоа, побрзаа да ја прикажат двојката како доста контраверзен наслов, замислен да ве полуде со нефер грајд.

Средината на октомври е резервирана за долго-очекуваниот A Plague Tale: Requiem. Првата игра беше апсолутен хит и освои легија фанови со братот и сестрата кои померија небо и земја за да се спасат од морето стаорци. Продолжетокот на нивната авантура е бесплатен за сите претплатници на Game Pass.

Набргу по неа, се појавува уште еден продолжеток кој никако не мислевме дека ќе се појави. New Tales from the Borderlands е нова авантура во уникатниот формат на култните TellTale. Слично на првата авантура, ве очекува игра во која предноста е на приказната и донесување одлуки со различни последици. Првата игра беше апсолутно феноменална, се надеваме дека така ќе биде и двојката затоа што има реална потреба за ваков жанр.

А, на крајот на месецот, доаѓа гигантот Call of Duty: Modern Warfare 2. Играчите ги очекува експлозивна кампања, адреналински мрежни игри и целосно нов режим во духот на Escape from Tarkov играта, мод кој се вика DMZ.

Сите игри кои ќе излезат во октомври:

  • Marauders [PC] – 3 октомври
  • Dakar Desert Rally [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 4 октомври
  • Overwatch 2 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 4 октомври
  • Deathverse: Let It Die [PC] – 5 октомври
  • PlayStation Stars Loyalty Program (US) – 5 октомври
  • NieR:Automata The End of YoRHa Edition [Switch] – 6 октомври
  • Triple Take [PC] – 6 октомври
  • No Man’s Sky [Switch] – 7 октомври
  • Superpower 3 [PC] – 7 октомври
  • No More Heroes 3 [PC] – 11 октомври
  • PGA Tour 2K23 Deluxe Edition [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 11 октомври
  • Lego Bricktales [PC, PS4, XBO, Switch] – 12 октомври
  • PC Building Simulator 2 [PC] – 12 октомври
  • TimeMelters [PC] – 12 октомври
  • Warpips [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 12 октомври
  • The Case of the Golden Idol [PC] – 13 октомври
  • The Darkest Tales [PC, XBO, Switch] – 13 октомври
  • The Eternal Cylinder [PS5, XSX] – 13 октомври
  • Fueled Up [PC, PS4, XBO] – 13 октомври
  • GOAL! The Club Manager [PC] – 13 октомври
  • Lost Eidolons [PC] – 13 октомври
  • PlayStation Stars Loyalty Program (EU) – 13 октомври
  • Sker Ritual [PC] – 13 октомври
  • Sunday Gold [PC] – 13 октомври
  • Triangle Strategy [PC] – 13 октомври
  • Trifox [Switch] – 13 октомври
  • Winter Games 2023 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 13 октомври
  • Dragon Ball: The Breakers [PC, PS4, XBO, Switch] – 14 октомври
  • No More Heroes 3 [PS5, XSX, PS4, XBO] – 14 октомври
  • PGA Tour 2K23 Standard Edition [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 14 октомври
  • Scorn [PC, XSX] – 14 октомври
  • Taiko no Tatsujin: Rhythm Festival [Switch] – 14 октомври
  • Trifox [PC, XSX, XBO] – 14 октомври
  • Destiny’s Sword [PC] – 17 октомври
  • A Plague Tale: Requiem [PC, XSX, PS5, Switch] – 18 октомври
  • Marvel Snap [PC] – 18 октомври
  • Them’s Fightin’ Herds [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 18 октомври
  • The Last Hero of Nostalgaia [PC, XSX, XBO] – 19 октомври
  • The Last Worker [PC] – 19 октомври
  • Uncharted: Legacy of Thieves Collection [PC] – 19 октомври
  • The Valiant [PC] – 19 октомври
  • Batora: Lost Haven [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 20 октомври
  • Hell is Others [PC] – 20 октомври
  • The Jackbox Party Pack 9 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 20 октомври
  • Mario + Rabbids: Sparks of Hope [Switch] – 20 октомври
  • Warhammer 40,000: Shootas, Blood & Teef [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 20 октомври
  • Gotham Knights [PC, PS5, XSX] – 21 октомври
  • New Tales from the Borderlands [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 21 октомври
  • Persona 5 Royale [PC, PS5, XSX, XBO, Switch] – 21 октомври
  • Horse Club Adventures 2 – Hazelwood Stories [PC, PS4, XBO, Switch] – 25 октомври
  • Victoria 3 [PC] – 25 октомври
  • Moonshine Inc. [PC] – 27 октомври
  • Sackboy: A Big Adventure [PC] – 27 октомври
  • Saturnalia [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 27 октомври
  • Star Ocean The Divine Force [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 27 октомври
  • Bayonetta 3 [Switch] – 28 октомври
  • Call of Duty: Modern Warfare 2 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO]
  • Factorio [Switch] – 28 октомври
  • Live by The Sword: Tactics [XBO, Switch] – 28 октомври
  • The Unliving [PC] – 31 октомври

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments