0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2013

Со RFduino ќе можете да контролирате скоро сè директно преку вашиот iPhone

RFduino е мала како монета независна Arduino-компатибилна плочка со отворен код која може да се вметне во било кој ваш проект. Работи на моќен ARM Cortex процесор и може да се напојува преку штекер, USB или од малите батерии како монети.

Дизајниран е од Армен Казанчиан и во моментот на KickStarter се собира потребната сума за реализирање на RFduino плочките. Исто така, плочката е опремена со Bluetooth 4.0, со што му се овозможува на корисникот да комуницира преку својот iPhone и му овозможува на телефонот да чита и мери физички објекти.

Со уредот ќе можете да мерите температура, од далечина да ја мерите волтажата на батеријата, да контролирате LCD екрани, да контролирате нешто директно преку вашиот iPhone и многу други интересни работи. Доколку ви се допаѓа RFduino ќе може да го добиете со донација од 15 долари. Со 22 останати денови се соберени над 22.000 долари, што е над четири пати повеќе од 5-те илјади кои беа побарани.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top