Microsoft овозможи пристап до изворниот код на Kinect уредот кој има свој сензор за детектирање на движења. А секој што развивал некоја апликација за Kinect, со помош на официјалнитe софтверски алатки, можеше да го сокрие својот изворен код.
Уште од излегувањето на првата верзија за Xbox 360 во 2010-та година, група хакери напишаа код кој овозможи контрола над Kinect, по што следуваше налив на апликации кои демонстрираа сè што може да се направи со овој уред, покрај неговата намена за играње.
Подоцна од Microsoft објавија свој SDK и програма за Windows преку која ќе може да се управува со Kinect-от, наместо само преку Xbox 360, но сепак кодот повторно беше сокриен и ги ограничуваше развивачите.
Но, пред неколку денови од Microsoft објавија 22 примери на кодови за Kinect под отворена лиценца, кој помеѓу останатото вклучуваат и код за следење на лицата, интерпретација на гестикулациите и препознавање на бои. Кодот е поставен на CodePlex.