0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2013

ИТ настан: ecaHack Скопје 2013

Македонските програмери, дизајнери и останати ентузијасти се поканети на ecaHack Скопје 2013 кој ќе се одржи од 13 до 14 април како дел од серијата хакатони во Источна Европа и Централна Азија на кои ќе учествуваат над 3.500 хакери во повеќе од 20 градови.

Учесниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да разменуваат идеи, концепти и проекти и во насока на креирање на модерни и корисни мобилни апликации за оперативен систем по сопствен избор. Хакатонот има за цел да привлече млади ентузијасти кои со помош на присутните ментори пикслите на мобилните уреди ќе ги претворат во високодинамично и интерактивно искуство за корисниците, ќе ги презентираат своите изработени апликации и со тоа ќе се натпреваруваат за фондот на награди.

Како дел од наградите, победниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да работат на своите проекти со поддршка од менторите од Mentors Network of ECAbit.org преку YES бизнис инкубаторот како дел од ECAbit мрежата, а потоа и да се натпреваруваат на финалниот ecaHack регионале настан во Букурешт кој ќе се одржи во периодот од 7 до 12 октомври. Победниците на регионалниот настан ќе учестуваат во три месечниот процес на акцелерација  со поддршка од најдобрите ментори од Силициумската долина, Израел и Германија со цел да основа глобално успешен бизнис во земјата од која потекнува.

За повеќе информации за ecaHack следете ги новостите на веб страната http://skopje.ecahack.com/, Facebook настанот или на [email protected].

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top