фала на сите за RT вчера на прашалникот ми донесе 7 нови потенцијални клиенти
„Твитер и овојпат се покажа дека ако сакаме нешто брзо да се рашири е вистинското место. Плус ако содржината е интересна за таргетираните групи, со минимум напор и трошкови сме добиле максимален ефект. Само вчера статијата имаше 660 уникатни посети.“ вели Даниел.
Тој го промовирал својот пост и на Facebook, преку личниот профил, но ефектот е послаб бидејќи Facebook е затворена мрежа, вели тој. Но, има решение. Идниот чекор е посебна реклама на Facebook со цел да ги промовира своите дизајнерски услуги.
„Друштвените мрежи се одличен начин за бесплатна промоција, барем во Македонија. Сеуште кај нас фриленсерите не се сфаќаат сериозно. За клиенти од странство најмногу наоѓам нови преку препораки од веќе постоечки клиенти или конкурси, натпревари и сл.“
Што се однесува до неговиот блог пост кој е интересен прашалник, Даниел вели дека постот треба да го привлече клиентот веднаш.
„Да. Од секогаш алгоритмите и прашалниците убаво дизајнирани од овој тип се интересни за решавање. Ако при првата посета успее да се задржи вниманието, 50 % од работата е завршена. Наредната е освен лого, понатаму да се понуди и продолжи со целосен корпоративен идентитет, веб страна и сл.“









И сега, Даниел Јанев има работа преку глава и го прави првиот милион. Како па да не. Пак е се по старо.
не, немам работа преку глава, таман ми е :)
Само со дизајн на логоа тешко се прави милион, али успешноста е да знаеш како од лого да опфатиш се понатаму.
Добро изведено, многу добро.
Превземи нешто со ова http://www.mywot.com/en/scorecard/dezen.mk
Да незнаев дека е твој сајт немаше да го посетам. Има доста како мене што користат WOT.
Fala :)
inache vekje se prevzema,imashe problem so hosting,pa nekoj zakachil phishing sites,se nadevam brzo ke se reshi.
Pozdrav
фала, искрено не мислев дека толку ќе биде ефикасна :)