Snapchat се претстави како вистински медиум со вестите за Сан Бернардино

Без разлика дали е приказна за „убиството на Бин Ладен“ или „слетувањето на авион на реката Хадсон“, кои го етаблираа Twitter како платформа за актуелни вести во реално време, на секоја нова платформа и е потребна прва ваква сторија која ќе ги претвори од друштвена мрежа во вистински медиум.

Неодамна Snapchat доби таква шанса. Апликацијата за споделување видеа, фотографии и содржини кои траат само кратко време, за првпат пренесуваше сторија во живо. За жал, станува збор за немил настан – терористичкиот напад во Сан Бернардино. За Snapchat ова е само прв чекор во етаблирање во поголем медиум кој ќе може да споделува настани во живо. Moжеби нападот во Сан Бернандино не е прв настан, но е првиот непланиран пренос на вести во реално време, кој може да го одбележи креирањето на медиум. Претходните настани кои ги пренесе Snapchat се посетата на папата во Њујорк, Рамазан во Мека и GOP дебатата.

„Ја објавивме приказната за нападот во Калифорнија бидејќи сметавме дека е локална содржина која е од национална важност. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства,“ вели Мери Рити за International Business Times.

snapchat

Она што можеби ќе ја одлучи иднината на Snapchat како платформа за вести е публиката. Платформата е интересна најмногу за тинејџерите, но се чини дека неодамнешните стории покажуваат дека и публиката на платформата е посозреана сега. Иако новинарите и медиумите ќе ја прифатат секоја платформа за поголем допир до публиката, сепак квалитетот на вестите како и кај другите друштвени мрежи најмногу зависи од квалитетот на содржина што ја споделуваат корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments