Snapchat достапен и преку прелистувач

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Омилената социјална мрежа на помладите од неодамна може да се пристапува и преку прелистувач, со што делумно се елиминира потребата од користење на апликацијата. Велиме делумно затоа што доколку сакате да прегледате одреден snap, односно фотографија, нема да можете тоа да го направите преку прелистувачот. Причината поради ова е затоа што правење скриншотови од фотографии не може да биде детектирано преку компјутер (рака на срце, многу лесно може дискретно да се извлече скриншот и преку апликацијата од телефонот).

Со посетување на веб дестинацијата Snapchat, потребно е првин да се логирате, а потоа да го одобрите барањето за влез преку прелистувач од апликацијата. Целото искуство е прегледно и невообичаено познато, особено доколку доколку долго време ја имате користено апликацијата. Лесно можете да наместите да добивате известувања од прелистувачот секој пак кога некој ќе „снапне“ нешто, како и да местите светол или мрачен режим. Сите останати опции се достапни и функционираат на ист начин како и преку апликацијата.

Доколку долго време користите Snapchat, кое е вашето мислење за целава десктоп транзиција?

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk