0 коментари 2 мин. читање 19 март, 2020

Слушајте подкасти со Pocket Casts

Слушањето подкасти е одлична активност која би можеле да ја работите паралелно со некои други активности. За управување со подкастите постојат најразлични апликации за вашиот телефон, но една апликација особено се истакнува со бројните, флексибилни можности.

Pocket Casts е достапна и за iOS и за Android. Како таква, нуди бројни опции за уредување и лесно ви дозволува да ги пронајдете саканите подкасти, да ги стримувате, да ги преземате. Без проблем можете да ја искористите апликацијата и за да слушате аудио фајлови кои се складирани локално на вашиот телефон. Интерфејсот е едноставен и брзо доаѓате до саканиот подкаст и опциите за управување со него.

Pocket Casts постои уште од 2010 година и долго време чинеше околу 250 денари. Само од неодамна, авторите решија да ја направат алатката бесплатна за сите. Да, постои и понапредна верзија која за околу 700 денари годишно отклучува многу повеќе функции, но верувајте нѝ кога велиме дека шансите да почувствувате потреба за надградбата се исклучително мали.

Ова е и време кога потребно е да се фокусираме на позитивни работи. Поради тоа, не пропуштајте ја можноста пријатно да се изнасмеете и со комичните подкасти преку Laughable. Во случај да сакате вие да направите подкаст, тогаш Anchor е алатката за вас.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}