Следните 10 години ќе бидат преполни со иновации во автомобилската индустрија. Бројот на компании кои тестираат електрични и автономни возила е огромен.
Стартапи како Uber и Lyft најавуваат дека во иднина сметаат на флота на автономни возила, а расте и бројот на држави кои се прилагодуваат и ги менуваат законите, за да им излезат во пресрет на производителите.
Поврзување на возилата
Прв предизвик кој би можел да биде надминат набрзо е интернет поврзаноста на возилата. Европската унија во законот за телекомуникации, вметна дел кој се однесува на автономните возила.
Ова подразбира двослоен интернет, од кој едната приоритетна лента ќе се користи за ризични сервиси, во кои е сместена и комуникацијата со автономни возила. Неодaмна телеком оператортите во Европа се договорија до 2020 мрежата да биде 5G.
Постојано-онлајн поврзувањето на автомобили ќе биде супер едноставно во урбаните центри, но ќе биде поголем предизвик во руралните средини.
Многу повеќе сензори и технологија
Огромен број на комании работат на паметни возила, но сè уште нема некое вистинско подобрување од почетната позиција на оваа технологија.
Таблет на место на командна табла е многу покорисен, можност за навигација е одлична, но првите навистина паметни промени доаѓаат на ретровизорот. PearlAuto креираат паметен ретровизор кој доаѓа со сензор кој ќе го извести возачот ако е преблиску до препрека. Истовремено ретровизорот ќе им помога на возачите со паркирањето.
На слична технологија работи и Nissan, а и кинеската компанија Mobvoi.
Сепак барем засега најинтересна и револуционерна иновација доаѓа за делот без кој не може да се замислат автомобилите.
Good Year неодамна престави нов концепт на топчесто тркало. Тркалото може да се движи во сите правци, но за потполно користење мора да се причека на автономните возила.
Тркалата би доаѓале со сензори кои ќе знаат се за состојбата на патот: триење, температура, влажност и други влијанија.
Па „наредби“ на центарот за управување на автомобилот, тркалата ќе можат да прават и локални промени на својата површина, што ќе овозможи најдобро прилепување за патот.
Повеќе автономни функции во блиска иднина
Дел од модерните возила доаѓаат со автономни функции. На пример, Tesla доаѓа со моженост за менување на лента на патот, за претекнување и за следење на возилото кое е пред возачот.
Можеби најдобар пример за иднината на возилата добивме неодамна, кога Tesla Model X го префрли својот возач до најблиската болница и со тоа му го спаси животот. Најдалеку во автономното возило е Google чии автомобили неколку години возат по улиците.
Автомомобили како сервис?
Uber, Lyft, Tesla, a можеби и Google, се дел од компаниите кои најавуваат дека во иднина луѓето можеби и нема да мораат да поседуваат автомобили, а ниту да знаат да возат. Ова се разбира е подалечна иднина кога автономниот ситем ќе биде докажан и нема да има потреба од волан во автомобилите.
За две три децении корисниците ќе повикаат возило, иако поверојатно е дека асистенот како Siri или Cortana ќе го извести дека веќе го повикал возилото и ќе одат каде сакаат. Дел од предизвиците кои ќе мора да бидат надминати се превоз на подолги релации, но и минување на државни граници.
Се разбира ова не значи дека никој нема да поседува автомобил, ентузијастите ќе си поседуваат возила, слично како што денес љубителите на јавањето поседуваат коњи.
За овие корисници, промените на возилата во иднина ќе предизвикаат, автомобилите да бидат помалку разгледувани како средство за превоз, а многу повеќе дел од животниот простор.
Иднината е поблиску отколу што изгледа
Бројот на градови и држави кои ги отвораат своите патишта е огромен. Минатата недела Британија ја отвори првата патека која ќе биде исклучиво за автономни автомобили. Иако ова можеби и не изгледа на огромен напредок, можноста на исто место да се соберат луѓе од автомобилската индустрија и ентузијасти, кои ќе си помагаат во надминувањето на проблемите е непроцелива.
Од неодамна Сингапур започна со тест такси услуга, која со автономни возила ќе превезува патници. Засега станува збор за мал број на возила и ограничен дел од градот, но доколку се покаже успешна во 2020 Сингапур ќе започне со„пензионирање“ на таксистите.
Кој би одел по земја кога може да лета?
Доколку досегашната технологија ви изгледа неверојатно, тогаш идејата за автономни електрични летала, ќе ви изгледа уште поневеројатно. Сепак годинешниот CES 2016, во Лас Вегас, го претстави Ehang 184 беспилотното летало, наменето за превоз на патници. Ако кинескиот стартап не ве импресионира, тогаш Лери Пејџ и неговите стартапи за летала, можеби ќе ве убедат. Веројатноста за летачки возила, поради нивната ефикасност и опасностите, засега е многу помала од автономните автомобили.
[…] да не е доволно што автономни возила сами ќе возат по улиците; Alpha Go го победи […]
[…] […]