0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2020

Следете го ширењето на коронавирусот онлајн

Ширењето на коронавирусот и понатаму се одвива со алармантна брзина. Во потрага по фактите, често се случува да наидете на одредени статистички невистини.

Сајтот кој го препорачуваме денес е лансиран од истражувачите од универзитетот „Џон Хопкинс“, од Балтимор. Целта на сајтот е да го следи ширењето на коронавирусот во реално време, користејќи статистички податоци од Светската здравствена организација (World Health Organization), но и од многу други реномирани извори.

Од левата страна, сајтот покажува колку лица вкупно се заболени. Под вознемирувачката бројка, се прикажува бројот на заболени според земјата. Македонија се наоѓа на крајот од листата, со едно евидентирано лице.

Центарот на сајтот е резервиран за мапата од светот и сликовито прикажување на териториите кои се најмногу засегнати од коронавирусот. На десната страна е вкупната бројка од починати лица, паралелно со индивидуалниот морбиден приказ за секоја земја. Веднаш до таа колона се наоѓа и бројот на лица кои успеале да се извлечат и се во фаза на закрепнување.  

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}