0 коментари 3 мин. читање 4 март, 2020

Вештачката интелигенција може да го идентификува коронавирусот 2019-nCoV

Вештачка интелигенција развиена во истражувачкиот институт на Alibaba може да препознае заразени од коронавирусот 2019-nCoV со точност од 96 отсто.

Дијагнозата се прави со помош на алгоритам кој анализира слики направени со компјутерска томографија, вели Nikkei Asian Review. Вештачката интелигенција е тренирана со слики од 5000 потврдени случаи на коронавирус и може да направи разлика помеѓу овој вирус и вирусна пневмонија. Алгоритамот може значително да помогне со бројот на пациенти во болниците. Дијагностицирањето е за само 20 секунди, во споредба со лекарите на кој за анализа на скеновите им се потребни помеѓу 5 и 15 минути.

Системот за дијагностицирање на коронавирусот со помош на вештачка интелигенција првпат е инсталиран во болницата во Женгжу во провинцијата Хенан.

Напредокот во дијагностиката и вакцините кога ќе бидат достапни ќе бидат одлична вест и за индустријата и за ит-секторот кои се погодени од епидемијата.

Само оваа недела се откажани куп настани, а дел од компаниите го повлекуваат своето учество од конференциите. Минатата недела ова беше случај со Mobile World Congress. Настанот поради епидемијата нема да се одржи оваа година. Жртва на епидемијата е и Game Development Conference која по откажувањето на Microsoft, Sony и Epic е откажана, а оваа година нема да се одржи ни конференцијата F8 на Facebook. Google I/O го откажа делот кој се одржува во живо и настанот ќе има единствено онлајн презентации.

Засега нема најава за одложување на SXSW конференцијата, но Facebook и Twitter веќе се повлекоа од настанот. Дополнително Twitter на 4200 вработени им препорача да не доаѓаат во канцелариите и да работат од дома. Apple пак го прошири ограничувањето на службени патувањата на своите вработени во Италија и Јужна Кореја.

Како последица на затворањето на дел од производните постројки во Кина ќе има застој и доцнење на производите. На пример поради затворањето на Foxconn и Pegatron ќе доцнат испораките на iPhone и AirPods. За Facebook е забавено производството на Oculus VR и компанијата засега ги стопира нарачките за најновата верзија. Излегувањето на Oculus Quest најпрво беше презакажано од почетокот на февруари за 10 март, за сега да биде поместено за 21 мај. Ќе доцнат и испораките на најголемите кинески производители на паметни телефони Huawei, Xiaomi, Lenovo и Oppo.

AliExpress во Facebook-пост ги предупреди купувачите дека поради коронавирусот веројатно ќе има проблеми со доцнење на порачките.

https://www.facebook.com/AliExpress/videos/2786829654742371/

Добра вест, ако воопшто може да се каже дека има таква, е дека засега во Македонија има само еден потврден случај на коронавирус и засега болеста е под контрола.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top