0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2020

Корисник направил пренослив PlayStation 2

Верувале или не, поминаа добри 20 години од излегувањето на PlayStation 2. Конзолата и понатаму има влијание на денешните гејмери и често наидуваме на интересни проекти поврзани со неа.

Еден таков проект е на корисникот darkwingmod кој решил да ги засука ракавите и да направи пренослив PS2 кој е способен да ги покрене 99% од сите игри за конзолата.

Преносливата конзола ја крстил PIS2. Му требало шест години за да ја направи.

PIS2 го користи истиот харвер кој се наоѓа во PS2. Новитетот е, всушност, Raspberry Pi 2. Со овој додаток, корисникот успеал да ги вчитува игрите од SMB сервер и да избегне каква било емулација.

Што се однесува до екранот, PIS2  има 5.6-инчен VGA компатибилен панел, а гејмпадот е „позајмен“ од Genius Maxfire Blaze. Батеријата која се користи е доволно јака за 90 минутни гејминг сесии, а полнењето се изведува преку PS2 адаптерот.

Повеќе детали околу целиот процес можете да најдете на следниот линк.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top