Facebook ќе мора подобро да се подготви за префрлање на мобилна платформи. Според извештајот на компанијата, дури 102 милиони корисиници во јуни се поврзале на друштвената мрежа преку мобилни телефони и таблет компјутери,. Ова се речиси неверојатни 23 проценти повеќе од март, и околу 540 милиони корисници ја отвориле страната од мобилен уред, а дури 18,7 проценти од овие корисници не се приклучуваат преку десктоп комјутери.
Уште еден показател за популарноста на мобилната платформа на Facebook е што корисниците кои користат мобилен и десктоп пристап повеќе време поминуваат од мобилниот.
Ако префрлањето на мобилни платформи се направи успешно, а првите информации покажуваат дека рекламите преку мобилни уреди носат повеќе пари за Facebook, па ова може да биде значителна финансиска подршка на социјалната мрежа.
Лошата вест е дека на десктоп верзијата социјалната верзија прикажува 7 огласи, што е значително поголема бројка. Сепак рекламирањето на мрежата се наплаќа по клик, па дури и 100 реклами на една страна и ниедн клик сеуште е 0 приходи од рекламите на страната.
За друштвената мрежа која се приближува да милијардитиот корисник само прашање на време е моментот кога ќе најдат начин да остварат профит од рекламу на своите корисници. Сепак балансирањето помеѓу реклами и понудени содржини (постови од пријатели) мора да биде одлично изведено.








