Навистина ми е драго што целта на овој пост ми е да ве известам за склучениот договор за соработка помеѓу нашиот (и вашиот) портал за информатичка технологија и компанијата iDevelop А.Д. од Скопје. Целта на овој договор е да се објават што повеќе информации преку содржини кои ќе им објаснат на бизнис менаџерите и интернет корисниците во Македонија како на најдобар начин да ги искористат е-бизнисот и разните интернет технологии за развој и подобрување на понудените услуги.
Соработката, која иаку е дефинирана сега за сега за објавување на спонзорирани и едукативни содржини, постои реална можност во иднина да прерасне и во нешто поголемо и подобро кое уште повеќе ќе придонесе за развој на е-комерцот во Македонија.
Компанијата iDevelop е првата dot.com компанија во Македонија која неодамна беше објавена на Македонската берза на хартии од вредност и е формирана со британски капитал. Таа дејствува глобално и како своја цел има развој на софтвер по најнови светски стандарди. Компанијата засега го има објавено својот производ Active Reception – софтвер за следење на посетители на една веб страница и можност за интеракција со нив во вид на чет во реално време.
Како дојде до оваа соработка? Првично преку ИТ форумот беше остварен директен контакт помеѓу маркетинг менаџерот на iDevelop Дијана Димитровска и мене кој потоа ете, прерасна во официјална соработка помеѓу двете фирми. Никогаш не ја потценувајте моќта на социјалното вмрежување преку интернет. :-)
Ова е прва официјална соработка во која се имаме впуштено и искрено се надеваме дека ќе биде успешна, а воедно сакам и да ги поканам сите останати компании, организации и медиуми доколку се заинтересирани за развој на разни области од ИТ индустријата во Македонија да не контактираат и да се впуштиме во мисија за пронаоѓање на заеднички цели за соработка.
Сериозни сме кога велиме дека имаме за цел да го поддржуваме, едуцираме и промовираме македонскиот ИТ потенцијал и значајно да придонесуваме за развојот на ИТ индустријата во Македонија. :-)
Подетални и поофицијални информации, тука.






