{mosimage}НАТО ќе го прошири опсегот на своето дејствување пратејќи го модерниот свет и технологијата заради можноста од развивањето на нови начини на војување користејќи го дигиталниот свет и неговите можности. Проширувањето на своите операции ќе биде извршено преку создавање на кибер-безбедносен бункер на НАТО лоциран во Естонија.
На 16-ти овој месец НАТО најави дека ќе гради кибер-безбедносен систем – Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence кој ќе се справува со онлајн нападите врз земјите членки. Истиот ќе се гради во Естонија и во него ќе работат професионалци во областа на компјутерската сигурност од домаќинот Естонија, Германија, Литванија, Латвија, Италија, Шпанија и Словачка.
Естонија беше меѓу првите земји кои воведоа комплетна електронска влада, но беше и првата земја врз која беше извршен координиран интернет напад од страна на хакери кои користеа компјутери низ целиот свет. Во нападот голем број на владини сајтови беа хакирани и голем број на сервиси беа оневозможени за граѓаните на Естонија.
Генералот Џејм Матис на потпишувањето изјави дека започнување на вакво нешто било неизбежно и дека со ова НАТО ќе може да се одбрани и справи и со дигиталните напади кои се неизбежни.
Овој кибер-бункер официјално ќе биде отворен во 2009 година и ќе брои почетен персонал од 30 членови.






