Сите македонски песни во еден ВБУ Музички регистар

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Статии

ВБУ Музички регистар е релативно нов сервис, креиран од „љубовта кон музиката“ на Васил и Емилија Буралиеви, со едноставен концепт да се има неформален музички регистар на делата од домашната музичка продукција. Во моментов има внесени над 230 македонски албуми, 137 музички групи, 1.211 учесници во реализација на албумите и најважно 2.635 песни.

„Лично сметам дека во Македонија постојат музички бендови, автори и изведувачи што не добиваат соодветен публицитет и недоволно внимание“, вели г. Буралиев, објаснувајќи дека ВБУ музички регистар им овозможува на сите корисници да откријат македонски групи и музичари за кои не сме слушнале или не знаеме дека постојат. На музичарите и на дел од музичката индустрија им овозможува да се информираат за работата на нивните колеги и доколку се заинтересирани да направат соработка.

Сервисот нуди пребарување и преглед на музичките изданија на македонските музички изданија, но и подетални информации од издавачи, музички состав на групите авторите и текстописците, па се до сите учесници и гости на албумите. ВБУ музички регистар овозможува и преглед на сите албуми на бендовите, но и можност за подредување и разгледување на сите проекти на музичарите. Преку Facebook и Twitter корисниците можат да оставаат коментари или да ги оценат изданијата, а благодарение на YouTube интеграцијата, корисниците имаат можност да преслушаат добар дел од песните.

Во моментов г. Буралиев размислува околу можните начини за монетаризација на сервисот. Покрај размислувањето за продажба на македонска музика или можеби можност за музичката индустрија да ја преземе базата на податоци, се размислува и на дигитален џубокс, што, морам да признаам, дека барем мене ми изгледа на најинтересно решение. Станува збор за сервис кој ќе овозможи стрим на музика директно до локалите, а предвидено и корисниците да можат да учествуваат во креирањето на плејлистите во локалите.

„Локалите кои имаат интернет, ќе можат да се претплатат на сервисот. Покрај можноста сами да креираат плејлиста, предвидена е можност секој посетител да може да плати симболична сума и да си пушти песна, нешто како џубокс. Благодарение на ова, секој локал и корисник на сервисот ќе знае точно на која група или изведувач му ги исплаќа парите“.

Но, засега се работи на збогатување на библиотеката со македонска музиката. г. Буралиев вели дека е отворен за конструктивни идеи кои ќе помогнат за поквалитетeн сервис, па ако имате нешто на ум слободно може да го контактирате.

„Ние ја сакаме музиката. Покрај тоа, свесни сме за важноста на музиката создадена од автори во Македонија. Затоа сакаме да придонесеме во нејзината промоција, во промоцијата на оние што ја создаваат. Сакаме да овозможиме сервис преку кој домашната јавност, па и онаа во дијаспората да можат да пребараат и да најдат информации за музичките изданија, но и да ги преслушаат мелодиите/песните што им се допаѓаат“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments