0 коментари 1 мин. читање

Британската армија има специјална Facebook единица за сајбер-војна

Британската армија има специјална Facebook единица чии членови ќе имаат вештини за психолошки операции и користење на друштвените мрежи, јави Guardian. Новата единца ќе биде стационирана во Хермитаж и ќе биде позната како „77-ма бригада“. Официјално единицата ќе започне да дејствува во април, кога ќе започне и регрутирањето во единицата. Според првите информации до кои стигна Guardian, регрутите треба да имаат вештини во новинарство, како и познавање на друштвените мрежи.

Единицата ќе биде и дел од НАТО силите, кој имаат проблем кога станува збор за „презентацијата“ на своите дејства во региони како Авганистан или териториите под контрола на Исламска држава, но и за борба против акциите на друштвените мрежи на екстремистите.

„77-та бригада е креирана за да собере заедно и да развие постоечки и да развие нови способности, кои ќе бидат од суштинско значење при справување со предизвиците.“, вели портпаролот на британската армија.

Единицата е креирана по пример на слична единица која постои во Израелската армија и успешно се бори на над 30 платформи, помеѓу кои Facebook, Twitter, YouTube, Instagram и куп други. „Единицата ни овозможува комуникација со публика до која вообичаено немаме пристап“, вели портпаролот на Израелската армија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top