Спонзорирано

Singular со низа активности за подигнување на свеста за менталното здравје на работното место

Спонзорирано од Singular

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Интернационалната ИТ компанија Singular организираше низа тимски активности по повод одбележување на мај како месец којшто глобално е посветен на подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. Секоја активност е организирана со цел да посочи како различни аспекти од секојдневниот живот не треба да бидат занемарени бидејќи имаат позитивно влијание на нашата психо-физичка добросостојба.

„Активностите што ги презедовме овој месец служат како потсетник дека менталното здравје бара секојдневна грижа, а темите што ги покривме, како стрес менаџмент и креирање нови спомени со нашите блиски, се само мал дел од нашето секојдневие кое често знае да биде занемарено заради работните обврски,“ вели Елена Инадеска – Аврамовска, Employee Experience Manager во Singular.

Со тоа, вработените имаа прилика да присуствуваат на работилница за стрес менаџмент предводена од психологот Ивана Хаџиванова, основач на Неокортекс, еден од најдобрите центри во државата за психолошко советување и ментално здравје. Работилницата посочи колку и како стресот е штетен доколку не се адресира навремено, но и што може да се преземе за правилно справување.

Следно, се осврнавме на креативноста и социјализација со семејството, пријателите и колегите како извор на позитивно расположение. За таа цел, децата на вработените беа поканети да учествуваат заедно со нивните родители на креативна работилница предводена од Цветна Фабрика. Истовремено, одлучивме да оставиме трага  во нашите канцеларии со нанесување отпечатоци со обоени дланки на еден од ѕидовите. Оваа активност истовремено имаше за цел да ја поттикне нашата креативност, но и симболично да ја нагласи важноста на тимскиот дух.

За крајните активности, фокусот беше на забава и смеа, како едни од аспектите што имаат огромно влијание на нашето ментално здравје, а со тоа вработените на Singular имаа прилика да присуствуваат на стендап на Сашко Коцев, проследен со забава со којашто се заокружи овој месец на активности. Дополнително, освен настаните, HR тимот на Singular ја искористи оваа прилика да им даде акцент на придобивките коишто компанијата ги нуди на своите вработени, а се токму насочени кон грижа на менталното и физичкото здравје.

„Нашиот пакет на придобивки се стреми кон баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, што нѐ прави особено горди бидејќи покажува дека во Singular, менталното здравје не е само популарна тема со рок на траење, туку нешто во кое континуирано вложуваме бидејќи грижата кон нашите вработени е секогаш приоритет“, додава Елена Инадеска-Аврамовска.

Откако Singular стана бренд на интернационалната дивизија на Flutter Entertainment Plc, светски лидер во онлајн спортско обложување и гејминг, фокусот на компанијата дополнително се засили кон креирање на средина во која што луѓето се чувствуваат поддржани, сослушани и згрижени, преку воведување на нови придобивки во пакетот што компанијата им го нуди на своите вработени.

Наскоро компанијата ќе сподели повеќе информации на оваа тема, со цел да ја зголеми свесноста за работна култура во која грижата за своето ментално здравје и балансот помеѓу приватен и професионален живот не се само придобивка, туку суштинска потреба на луѓето. 

Доколку сакаш да се приклучиш во тимот на Singular, посети ја нивната веб страна за повеќе информации: culture.singular.uk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Singular . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk